Не е баш сѐ онака како што се мисли | Жени откриваат зошто одлучиле да имаат афера

1258
Booking.com INT

Недостатокот на емоции, оддалеченост и страв од осамената иднина се честа причина заради кои жените се одлучуваат за афера. Овие 15 жени ги споделиле своите причини и искуства на Reddit.

Bitcoin Exchange CEX.IO

1. Не можев да го оставам заради децата

“Ме измами повеќе пати, а јас не бев спремна да го оставам заради децата, така што сакав да му вратам со иста мерка спиејќи со некој друг. Би сакала да можев да се воздржав од намерата. Го оставив два месеци подоцна” – напиша Orange Paisley, активен коментатор на Reddit.

2. Сакав емотивно да се поврзам

“Да, го мамев мојот сопруг пред да стапиме во брак. Тоа не беше физичко, туку повеќе емотивно поврзување за кое мојот сопруг сметал дека, исто така, е мамење. Истото подоцна го признав. Немало потреба од тоа и ден денес се носам со тоа. Имавме многу проблеми и поради сѐ што се случувало, мојот сопруг одеднаш само си замина. Не се имавме видено повеќе од една година и во тој преиод се гледав со друг. Потоа одеднаш се врати и повторно се решив за него. По прекрасниот почеток, се вративме на кавгите и недовербата, така што наскоро го запрев тоа и повторно почнав да излегувам со друг кој го запознав откако се разделивме. “- пишува plaindesprit.

3. Не бев во здрава и задоволувачка врска

“Некако го преварив (мн. превари/вид збор: именка, женски род) својот дечко од пред сто години. Во моја одбрана, имав само 19 години, а мојот тогашен дечко неколку месеци подоцна призна дека е геј. Па така сигурно не бев во добра и здрава врска..” – напиша emmster.

4. Ми се врати откако добро и поминал сите забави

“Би го мамела својот сегашен дечко, затоа што ме откачува кога сака да излезе со некоја друга, а кога би завршил со забавите, се враќа кај мене. Јас само чекам да се појави вистинска можност.” – напишала Anonymous.

5. Една вечер ги премина сите граници

“Изневерив еден маж во својот живот … Тој не беше добар со мене и секогаш ме обвинуваше дека сум неверна. Една вечер ми здосади кога ми рече дека ќе спијам со фотографот кој ме сликаше и си помислив – па кој те врти. Тоа беше многу незрело од мене, но барем решив да го оставам наредниот ден, а не да го лажам. Немам намера повторно да бидам неверна”, рече Anonymous.

6. Се плашев да останам сама

“Не бев задоволна со мојата врска, а ми беше страв да бидам сама. Не ми се допаѓаат конфликти и бев толку исплашена дека погрешно ќе одлучам, ако останам или ако го напуштам. Затоа многу плачев. Знаев дека страда заради моето однесување, но јас едноставно не можев да се принудам да го оставам … По некое време, сепак го оставив. Мамењето е непростливо, и бидејќи јас сум таа која мамеше, не заслужив да бидам со него”- напиш Harley Spencer на Reddit.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...