Не е важно колку време сте на работа – важен е квалитетот на работата

1124

Најдобри резултати постигнуваат луѓето кои работат во постојани епизоди од 90 минути, меѓу кои редовно се одмораат и така дневно не работат повеќе од четири и пол часа.

Истражувачите Вилијам Демент и Натанаил Клајтман уште во 1950 година откриле дека спиеме во 90 минутни циклуси, движејќи се низ пет фази на сонот, од лесниот до длабокиот сон. Тие ова го нарекле основен циклус на одмор и активност. Но Клајтман утврдил дека и во текот на денот функционираме во согласност со истиот 90 минутен ритам движејќи се од високо до ниско ниво на будност.

– Работа во 90-минутни интервали е ефикасен рецепт за зголемување на продуктивноста – тврди професорот К. Андерс Ериксон од Универзитетот во Флорида, кој ги проучувал тајните на успехот на врвни музичари, писатели, актери и спортисти.

Се покажа дека најдобри резултати постигнуваат луѓето кои работат во постојани епизоди од 90 минути, меѓу кои редовно се одмораат, и дека дневно не работат повеќе од четири и пол часа.

– Иако секојдневно на работното биро поминував по 10 часа, ми требаше повеќе од една година да ја напишам својата прва книга. Но, со работа во циклуси од 90 минути, следната книга ја напишав за помалку од шест месеци. Јас сфатив дека со мудро управување на енергијата можам да направам многу работа за помалку време – вели Тони Шварц, автор на книгата “Бидете одлични во сè.”

Тајната за зголемување на продуктивноста со долгорочна работа е избегнување замор и исцрпеност. Не е важно колку долго ќе се одморате, туку колку добро ќе се одморите. Ако ја ограничите работата на 90 минути, тогаш ќе можете целосно да се опоравите за време на кратки, дневни паузи.

– Вредноста и квалитетот на вработените се поважни од бројот на часови поминати на работа, а клучот за зголемување на продуктивноста е моќта на обновување. Затоа, за време на паузата за ручек излезете, бидејќи прошетката или краткото трчање силно го поттикнуваат менталното и емоционалното обновување, креативноста и создавањето на нови идеи – додава Шварц.

Околу феноменот обновување изградил бизнис и со рецептот им помага на низа успешни глобални корпорации, меѓу кои се Гугл и Кока-кола за да ја зголемат креативноста и продуктивноста на вработените. За да ја одржите продуктивноста, угледајте се на спринтерите. Во утринските часови, дадете гас и работете со највисок интензитет 90 минути, потоа одморете се за појадок. Утрото е најдобро време и да се фокусирате на решавање на најсложените и најважните дневни задачи, советува.

За ефикасност – одморете се. Ако повеќе часови поминувате на работа, имате сѐ помалку и помалку време за одмор и сон, а данокот го плаќа ефикасноста. Тајната на продуктивноста е во стратегијата за обнова, која вклучува дневни паузи, кратко попладневно дремење, повеќе ноќен сон и повеќе време поминато надвор од канцеларијата и почести долги патувања.

Моќта на дремката. Ако спиете само шест часа, ви се заканува согорување на работата, покажа истражувањето. Кратката, дневна дремка има ефект како и десет часа ноќен сон и ја зголемува продуктивноста за околу 9%, а влијанието на подолго дремење е дури и подобро, вели Сара В. Медник, истражувач на сонот на Универзитетот во Калифорнија.

loading...