Не е важно колку е голем | Детаљ кој мажите ги прави многу поатрактивни

627

Ако сакате да изгледате посекси, попаметни и посигурни, сѐ што ви треба е – куче.

Некои мажи го знаат ова многу одамна, а овие денови тоа е потврдено со истражувањето спроведено на 1.000 жени.

Ако сакате да изгледате посекси, попаметни и посигурни, сѐ што ви треба е да имате куче.

На жените кои биле вклучени во студијата им биле прикажани фотографии на мажи кои имаат мачка, куче, и оние кои на сликата немаат милениче.

Оние без милениче поминале најлошо, мажите со мачка се оценети како 13,4 проценти попривлечни, а оние со куче биле дури 23,8 отсто попривлечни за жените.

Се разбира, не застанало сѐ на сексапилот – жените се изјасниле дека мажите со кучиња ги сметаат за посигурни и полојални партнери, но, исто така, и поинтелигентни луѓе, бидејќи заради миленичето имаат поизразени комуникациски вештини.

Одговорноста, исто така, се нашла на листата, а се чини дека кучето на жената ѝ дава до знаење дека мажот е токму таков – одговорен.

Уште една добра вест – големината не е важна. Подеднакво добро поминале мажите со мали, средни и големи кучиња.

loading...