“Не му простувајте туку така на мажот…”

13979

На сите, повеќе или помалку разумни луѓе, сосема им е јасно дека е благотворно да се прости и да се бара прошка.

Простувањето ја прочистува душата, ослободува од гневот, помага на меѓусебното разбирање, го хармонизира сопствениот живот. На крајот на краиштата, не дава можност за придвижување на деструктивната психосоматика.

Во текот на долгогодишните искуства на психоанализата, медитацијата и некои други работи на себеси и на своите емоции, ми се појави јасно уверување – дека не треба на човек да му се прости, ако тој не направил ништо за тоа: ако не кажал, не замолил, не направил било каков чин на покајание.

Особено на маж. Тоа е неморално. Тоа ја поттикнува дозволеноста и достапноста на сѐ. Ова укажува на отсуство на вашите лични граници и му дава на човекот можност со вас на ист начин да постапува.

Да се простува и да се бара прошка – тоа е духовно, но делува само на оној, кај кого е истото ниво на вредност и развој, како и кај вас.

Во други случаи, барајте прошка од Бога, молете се за себе и за тој човек, барајте простување кај себе за тоа што сте овозможиле негативност во однос на себе, дека сте се лутеле, сте биле бесни. Тоа е за да не ве следат болести. Но, од човекот, по можност што подалеку: “Бог ќе прости.”

Зошто мажот особено? Затоа што од детството ги научеле да фалат и да го критикуваат мажот само за дејствување, акција, а не за состојбата. За нив е нормална логиката – треба да се направи нешто за да се прости.

Ако жената го прави тоа туку така, ова не се вклопува во машкиот поглед на светот. Тоа е како да му се каже на дете: “Ти си убав”. Тоа е пријатно да се слушне, но збунува. И не е јасно што со тоа да се прави понатму.

Воглавно барате прошка од Бога, но простете си себеси, а на оној кој ве повредил – Бог ќе му прости.

Додека простувањето, само не дојде кај вас.

Автор: Лилиа Ахремчиќ

loading...