Не оптоварувајте ги најмладите со проблемите на возрасните

4815

Ако децата растат во негативна средина ќе бидат мрачни и песимистички луѓе, затоа што тие секогаш ги следат примерите во семејството. Заради тоа е важно да им бидете позитивен пример, дури и тогаш кога ви е многу тешко.

Децата сакаат да бидат во друштво на позитивни и насмеани луѓе, а од мрачните се плашат и се повлекуваат.

Едно истражување покажа дека децата, кои растат во негативна средина и самите тие ќе станат песимисти, затоа што пред се се угледуваат на нивните родители, баби и дедовци, потоа на наставниците и врсниците.

loading...

Доколку сте вие негативни и секој ден им приредувате „мрачни сцени“, а не ведро лице, таквиот модел и детето ќе го присвои. Заради тоа е важно да им бидете позитивен пример, дури и тогаш кога ви е многу тешко.

*Нека ја запомнат вашата насмевка додека ги будите наутро и го испраќате во училиште.

*Не дозволувајте ситниците да ги растажат. Објаснете му дека ништо не е црно-бело и дека во се постои убавина и причина за насмевка.

*Кога ќе се вратат од играње или училиште, прашајте ги прво што им се случило убаво, наместо веднаш да го „оптоварите“ со прашања дали биле добри.

*Опкружете ги со позитивни луѓе, затоа што тоа добро ќе влијае врз нив на формирањето на оптимистички поглед на животот.

*Ако се тажни, утешете ги и објаснете им дека утре е нов ден и нова шанса за насмевка.

loading...