Не го чувајте мобилниот телефон во задниот џеб

1436
Booking.com INT

Луѓето најчесто го чуваат мобилниот телефон во задниот џеб од панталоните, што е погрешно, зашто тие уреди и онака имаат екрани чувствителни на допир, но и на удари, па лесно може да се случи и нешто непланирано…

Bitcoin Exchange CEX.IO

На пример, да ви се скрши или да ви испадне и да го изгубите.

Исто така не се препорачува ниту да го држите предолго на кожата, оти самата негова површина содржи бактерии кои може да предизвикаат акни и други кожни болести.

Високите температури се штетни за електронските уреди. Не оставајте го телефонот во автомобилот или на плажа, изложен на сонце или некој друг извор на топлина.

Слично и ако температурите се под нула – тогаш, пак, може да замрзне.

Не чувајте го телефонот ниту под перница.

Покрај штетното зрачење, стручните лица тврдат дека и ненадејното и често светкање на екранот ноќе негативно влијае на лачењето мелатонин, како и на квалитетот на сонот.

Скопје, 14 мај 2018 (МИА)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...