Нобеловецот Dr. Harald zur Hausen советува | Доењето може да помогне во спречување на некои форми на рак

497
Dr. Harald zur Hausen

– Препорака до сите педијатри е да промовираат колку што е можно подолг период на доење деца, тоа е исклучително важно. Доењето, особено за првите шест месеци од животот може да има големо влијание во спречување на некои форми на рак и други заболувања подоцна во животот.

Со овие зборови својот говор во Дубровник го заврши добитникот на Нобеловата награда д-р Harald zur Hausen од Универзитетот во Хајделберг, кој е гостин на 10. ISABS Conference on Forensic and Anthropologic Genetics and Mayo Clinic Lectures in Individualized Medicine, на Меѓународното здружение за применети биолошки науки, најголемата светска научна конференција во областа на биомедицината оваа година, посветена на персоналната и регенеративната медицина, клеточните и генските терапии, фармакогеномиката и форензичката генетика.

Клучните истражувања

loading...

Нобеловецот д-р Harald zur Hausen на насобраните учесници, главно лекари, научници и студенти, кој на петстотини учесници им зборуваше за своите истражувања и сознанија во врска со конзумацијата на црвеното месо и млекото во развојот на ракот на дебелото црево, ракот на дојката и други болести.

Robert Huber

На собирот во средата, на денот посветен на добитниците на Нобелова награда на 10. ISABS, зборуваа уште двајца други научници крунисани со оваа престижна награда за наука. Robert Huber од Max Planck Institute of Biochemistry, зборуваше за структурата на протеините во медицината, а професорот Ada Yonath од Weizmann Institute of Science за отпорностите на бактериите на антибиотици.

Тоа е тема за која денес сѐ повеќе се дискутира во пошироката глобална јавност, а не само на научната заедница. Во Дубровник е презентиран податок дека се очекува до 2050 година, повеќе луѓе да умираат заради отпорноста на бактериите на антибиотици отколку од рак. Веќе сега лекарите годишно се соочуваат со 500.000 различни случаеви на отпорност на туберкулозата на антибиотици.

Ada Yonath

– Отпорноста на бактериите е нивната базична сила. Пронајдена е дури и во бактериите кои никогаш не се соочиле со никакви антибиотици ниту лекови. Се плашам дека затоа многу брзо ќе се вратиме во предантибиотската ера, каде што туберкулозата или пневмонијата повторно ќе бидат смртоносни. Светската здравствена организација тоа го нарекува “постантибиотска ера” и се предвидува дека до 2050 година светската економија ќе падне за речиси 4 отсто, токму заради отпорноста на антибиотиците – вели д-р. Yonath.

Таа додава дека во моментов нема фармацевтска компанија која произведува или се обидува да создаде некои нови антибиотици, бидејќи тоа не е исплатливо од гледна точка на профит.

Ум на бактериите

– Мислам дека бактериите ќе преживеат, бидејќи тие се попаметни од нас, бидејќи тие навистина сакаат да живеат – изјави д-р. Yonath.

Собирот во Дубровник особено е посветен на персоналната медицина, а предавачите се во моментов најцитирани светски научници.

Prof. Dragan Primorac

Конференцијата која е предводена од д-р. Драган Приморац е организирана во соработка со здравствената институција Mayo Clinic и универзитетите George Washington, Penn State и New Haven како и болниците Unfallkrankenhaus и Regiomed Hospitals и голем број на домашни здравствени и научни институции, зедно со American Academy за Forensic Sciences и спонзорството на HAZU.

loading...