Нова бизарна мода во пластичната хирургија

864

Еден од последните трендови во пластичната хирургија е правење дупчиња на образите.

Многу луѓе дупчињата на образите ги сметаат за неодоливи, па беше само прашање на време кога овој шармантен украс ќе стане дел од понудите на пластичните хирурзи.

Се повеќе млади луѓе се појавуваат кај хирурзите со такво барање наведувајќи ги како пример ѕвездите како Миранда Кер, Хари Стајлс и Аријана Гранде, пишува Индепендент.

loading...

Добра вест е што постапката трае само половина час, и се прави со локална анестезија.

Операцијата се изведува така што лекарите го прицврстуваат внатрешниот мускул на образите за долната површина на кожата, а дупчињата се гледаат тогаш кога се прават одредени движења како смеење и зборување, но не и кога лицето е опуштено, па ефектот е многу природен.

Резултатот сепак е привремен и трае меѓу еден и два месеци.

loading...