Нова кинеска атракција: Шеталиште на вода од 50 километри (видео)

1232

Кинезите од северозападната провинција Гуиџо со цел да привлечат туристи поставија огромно шеталиште на реката Хонгшуи. 

Просторот е долг 50 километри и покрива површиna од 54 илјади квадратни метри.

Шеталиштето е украсено со дрва и илјадници шарени ламби, со цел посетителите навечер да бидат пречекани со лајт шоу.

– Се фотографиравме откако стигнавме. Снимивме и видео за своите пријатели, многумина сакаат да дојдат и да го видат ова местo, рече Ванг Панпан, еден од туристите, кои пристигнале од Пекинг.

Платформата на вода е опремена и со забавни содржини, а тука се и забавувачите, кои прават гостите да имаат незаборавна посета.

Од 1 јануари шеталиштето на вода го посетиле над 60 илјади туристи.

loading...