Нова песна и видео спот на Пепа Димитрова – Не ми е срам | Видео

635

“Не ми срам” е насловот на новата песна на Пепа Димитрова во соработка со Роберт Билбилов кој се јавува како kомпозитор и aранжер, додека текстот е дело на Огнен Неделковски.

Песната “Не ми срам” e доказ дека доколку нешто силно и вистински посакуваш во животот нема сила која може да те запре . Донекаде автобиогравска го покажува ставот на Пепа за нејзината љубов кон музика, за двоумењето и внатрешната борба, борба сам со себеси и борба со видувањето на општеството за нејзината определба да започне да пее на македонската естрада.

Видео спотот се снимаше во МНТ Македонски Народен Театар во него покрај Пепа која е претставена како самовила во својот сон, учествуваат и два танчери од студиото Break A Leg, три прекрасни девојчиња меѓу кои е и нејзината ќерка Елена, како и една голема риба во мал аквариум.

loading...

Самото видео ја надополнува песната и ја преставува борбата на Пепа, врзана и опколена од своите стравови, желби и мечтаења, силата и истрајноста кои се потребни за реализација на своите соништа, девојчињата кои истотака се појавуваат во видеото ја симболизираат Пепа во младоста, големата риба во мал аквариум и златен кафез се само дел од симболиките на визуелизацијата на ова дело.

Видеото е изработено од Енигма Продукција, режисер е Дарко Масларковски, зад камерата Кристијан Теодоров, додека монтажата е на Жарко Масларковски, пост продукција и ефекти Енигма Солушн.

loading...