Нова песна на Сања Лефкова | ”Почеток и крај”

1568
Сања Лефкова

По песната “Среќа”и “Врати се”, Сања Лефкова се враќа на музичката сцена со модерна Балада со наслов ”Почеток и крај”.

Вчера беше снимен видео запис во Томато продукција каде Сања овој пат се врати во Македонија и се појавува во спотот лично наместо да ја глумат манекенки како во претходниот спот за песната “Врати се”.

Спотот е сниман цел ден зад кој стои цел еден тима – Сања е облечена во креациите на Ива Спасовска, накитот е од Русевска Дизајн, Ателје Владимир Трајковски и шминка Ивана Атанасовска. На самото снимање беше направена и новата фотосесија од Имиџ Фото.

loading...

Таа со сопругот и нејзиното 3 годишно синче Никола веќе 2 години живее во странство каде што има настапи, но деновиве напорно работи на нови пeсни во студиото на Александар Масевски и е посветена на нејзините студии на универзитетот МИТ, каде што е заштитно лице.

Сања Лефкова
loading...