Новите дизел возила не загадуваат помалку од оние на бензин

195

Новите дизел автомобили не ја загадуваат животната околина помалку отколку возилата на бензин, објавија група германски весници по добиен одговор од Министерството за транспорт.

Авто индустријата во Германија е најголем извозник и во неа работат повеќе од 800 илјади луѓе.

Групацијата Функе цитираат одговор од Минстерството за транспорт во кој се вели дека дизел возилата регистрирани во 2016 година испуштаат 128 грама јаглерод диоксид по километар споредено со 129 грама што испуштаат возилата на бензин.

loading...

Разликата во емисијата на штетни гасови е иста веќе една деценија.

– Станува мит дека дизел возилата помагаат да се заштити климата, вели Стефан Куен, експерт за транспорт од Зелените во Долниот дом на германскиот парламент во изјава за весниците од Функе групацијата.

loading...