Новите „Нокии“ пристигнуваат на почетокот на 2018 година | Видео

69

Кинеската ХМД Глобал соопшти дека на почетокот на идната 2018 година, т.е. на 19 јануари во Кина, и официјално ќе ги претстават новите „Нокиа 9“ и „Нокиа 8“.

Засега нема подробни инфрмации, но најверојатно „Нокиа 9“ ќе се продава во две верзии, коишто би имале шест гигабајти РАМ-меморија и 64 и 128 гигабајти внатрешна меморија, соодветно, кои ќе чинат 560 и 635 долари.

Еден од новитетите е и трета камера, како и Квалком Снепдрагон 835 процесорот. Лошата вест пак, за љубителите, е тоа што 3,5-милиметарскиот аудио приклучок кај „Нокиа 9“, е исфрлен.

loading...