Нови докази за врските на Трамп со Русите

776

Неговиот син и клучните луѓе од изборниот штаб во средината на кампањата се сретнале со адвокатка поврзана со Кремљ.

Најстариот син на претседателот на САД, Доналд Трамп, неговиот зет и поранешен шеф на предизборната кампања разговарале во Вашингтон со рускка адвокатка, кја е поврзана со Кремљ, кратко време откако Трамп минатата година беше номиниран за републикански претседателски кандидат, пишува New York Times во саботата.

Средбата се одржала на 9 јуни 2016 година во Трамповата кула и е првата средба на членовите на најтесното претседателско опкружување со руски државјанин, пишува весникот, повикувајќи се на доверливи владини податоци и интервјуа со луѓе кои се запознаени со споменатите документи.

Доналд Трамп Џуниор, потврди дека тој состанок се одржа, опишувајќи го како “кратко запознавање”, главно фокусирано на прашањето за посвојување на руските деца во САД. Тој, исто така, рече дека на средбата присуствувале и зетот на Трамп, Џеред Кушнер, како и поранешниот шеф на неговата кампања Пол Манафорт. Адвокатот на Кушнер, Џејми Горелик рече дека зетот на Трамп на состанокот се задржал “кратко време”.

The New York Times пишува дека на средбата присуствувале руската адвокатка Наталија Веселницкаја, позната по тоа дека е против американскиот закон во кој се на црната листа имињата на Русите осомничени за кршење на човековите права. Тој закон го разгневи рускиот претседател Владимир Путин до степен до кој тој ја запрел постапката на американското посвојување на руски деца, кој Русија во меѓувреме го укина.

Специјален сојузен совет и неколку конгресни комисии ја испитуваат можноста за создавање контакти помеѓу членовите на предизборниот тим на Доналд Трамп и руските претставници, како дел од една поширока истрага и на трагата на тврдењата според кои Москва се мешала во претседателските избори во САД во 2016 година.

Една статија во The New York Times беше објавена само еден ден по првата официјална средба на американскиот и рускиот претседател на самитот на Г20 во Хамбург, при што двајцата лидери разговарале и за наводите на руското мешање во американските избори.

loading...