НОВИ ЖРТВИ НА СИНИОТ КИТ | За еден ден пријавени шест случаеви

742

Со оваа опасна игрица поврзани се околу 130 самоубиства на деца во светот.

Косовската полиција соопшти дека во текот на денот се пријавени шест случаи поврзани со играта “Синиот кит”, која ги наведува деца на самоубиство.

По запознавање на јавноста со играта која е од Руско потекло, полицијата апелираше до родителите и одговорните лице за дополнително внимание и контрола на децата при користење на Интернет или социјални мрежи.

loading...

Кога децата ја играат играта во рок од 50 дена добиваат различни задачи како што се гледање хорор филмови, а потоа самоповредување така што ќе мораат да го врежат китот на своите раце, а се завршува со повик администраторите на игрицата на самоубиство.

Врз основа на информациите на полицијата и првите проверки, во еден случај се случило детето да има гребнатинка на раката, а жртвата кажала дека познава уште едно дете кое е запознатоа со играта или кое ја игра истата игра.

Косовската полиција, исто така ангажира нова единици кои ќе се занимаваат со истрагата за овој случај.

Полицијата предупреди дека оваа игра брзо се шири низ целиот свет, и дека дошла и на европскиот континент, а е поврзана со самоубиство на околу 130 деца.

loading...