Ново истражување за човечкото тело | Мозокот работи пет минути по смртта

971
Booking.com INT

Најновото невролошко истражување за тоа што се случува со телото на човекот откако лицето ќе умре, објавено во списанието Annals of Neurology , донесе неколку интересни заклучоци, меѓу другото e, дека мозокот може да продолжи да работи и до неколку минути откако срцето запрело, и дека конечната смрт стапува по она што истражувачите го нарекле “ширење на депресијата” (spreading depression).

Bitcoin Exchange CEX.IO

Ширење на депресијата

Научниците со желба да ги утврдат механизмите и времето на умирање на организмот, па така ги снимале електричните сигнали во мозокот и дошле до заклучок дека бранот на електричната активност во мозокот го покажува последниот момент пред конечната смрт.

Она што е во тоа откритие особено интересно е фактот дека бранот на умирање не мора да се случи веднаш откако на пациентот престанало да му работи срцето, туку тоа може да се случи по престанокот на работата на најважниот мускул. Па дури и ако срцето не пумпа, невроните сè уште можат да бидат во функција.

Таа временска разлика може да достигне до пет минути, што би значело дека лекарите дури и откако телото на пациентот престанало да покажува знаци на живот, имаат простор за обид за реанимација која потенцијално би можела да биде успешна.

Досега се верувало дека, кога ќе започне гаснење на мозочната активност, нема повеќе враќање, а ова истражување дало перспектива од која спас можеби сепак постои.

Медицински сомневања

И покрај интересни и важни заклучоци, истражувачите кои работеле на овој чувствителен случај велат дека со сигурност не може да се каже кој е моментот кога се случува конечната смрт на човекот.

“Никогаш не сме имале метод со кој јасно би можеле да ја дијагностицираме смртта на мозокот и сеуште не сме сигурни кога точно потполно е изгубена свесноста на оној кој умира”, изјави научникот на истражувањето, Џед Хартингс.

Овие резултати би можеле да бидат корисни и за цела низа медицински дилеми, како на пример онаа колку долго лекарите треба да се трудат за да воспостават циркулација по срцевиот удар или по мозочен удар и колку треба да се чека да се започне со донација на органи.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...