Нов напредок на патот кон квантниот компјутер

614
Quantum computer, electronic circuitry

За квантните компјутери велат дека кога ќе бидат достапни, ќе можат да решат проблеми кои се премногу комплицирани и за најбрзите компјутери кои моментално постојат. До сега неколку лаборатории во светот објавија дека успеале да направат мали квантни чипови, кои служат како доказ за тој концепт. Меѓутоа, научниците во Велика Британија велат дека имаат прва шема за голем квантен компјутер.

Микропроцесорите се наоѓаат речиси во сите денешни електрични апарати, од тостери до комуникациски сателити. Тие всушност се математички компјутери кои вршат операции со само два броја, еден и нула, но со огромна брзина.

Квантните компјутери користат електрони со различни нивоа на налектризираност, т.н. „кјубити” кои имаат вредност еден и нула, но и се што е меѓу тие два броја. Тоа значи дека такви процесори се исклучително тешко да се направат, но и дека тие се многу моќни.

loading...

„Оваа технологија нема апсолутно ништо слично со нормалните компјутери, таа може да реши проблем за кој на најбрзиот супер компјутер на светот би му требале милион години да го пресмета” – вели Винфрид Хенсингер научник од Универзитетот Сасекс.

Тоа не значи дека квантниот компјутер ќе ги замени класичните бидејќи тие можат да вршат само два специјални видови на пресметувања. Основната функција на таквите компјутери е што можат симултано да процесираат далеку поголем број на операции.

„Можете да воведете револуција во финансискиот сектор, логистиката, медицинските апликации, да направите нови фармацевстки производи. Дури и не знаеме што се е можно” – истакна Хенсингер.

Во соработка со Гугл, со јапонската истражувачка институција RIKEN и други европски Универзитети, научниците од Универзитетот Сасекс открија побрз начин за пренесување на податоците меѓу модулите на квантниот компјутер, користејќи електрични полиња. Новиот метод е околу 100.000 пати побрз од постечките фибер оптички технологии.

„Се трудиме во таа шема да ги идентификуваме сите места кои би можеле да бидат проблематични и пружаме разумни технолошки решенија, значи нема да биде едноставно, но дали може да се направи? Апсолутно”.

Преносот на податоците напишани во „кјубити” е само една од пречките кон изградбата на практичен квантен компјутер, но научниците велат дека секое ново откритие овој комплетно нов вид на процесори ги приближува малку поблиску до реалноста.

Гласот на Америка – Вашингтон

loading...