Нов обид на научниците | Направена е реконструкција на лицето на Марија Магдалена | Видео

1663
Booking.com INT

Врз основа на остатоците од древен череп, за кој се верува дека ѝ припаѓал на Марија Магдалена, научниците направиле реконструкција на нејзиното лице. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во средновековниот град во јужниот дел на Франција, криптата која се наоѓа под базиликата ги чува човечки остатоци, череп и коски за кој се шпекулира дека ѝ припаѓале на Марија Магдалена.

Затоа, биолошкиот антрополог Филип Шариер од Универзитетот во Версај и уметникот Филип Фрош одлучиле да ги искористат остатоците за да го реконструираат можниот изглед на оваа жена.

Реконструкцијата на лицето е заснована на компјутерски модел на черепот и претставува жена со шилест нос, изразени образи и тркалезно лице.

Можеби сакате да знаете како изгледал Исус Христос: Експертите го реконструирале лицето на Исус Христос, ќе бидете изненадени како тој всушност изгледал! Фото/Видео

Откако черепот последен пат беше проучуван во 1974 година, делот во кој се наоѓал бил заклучен. Научниците ја надминаа оваа тешкотија со тоа што направиле повеќе од 500 фотографии со различни агли на черепот.

Благодарение на овие фотографии, тие можеле да создадат компјутерски 3D модел на лицето со детални карактеристики како што се големината на черепот, јаготките и коскената структура.

Шариер и Фрош истакнале дека реконструкцијата на лицето и истражувањето биле спроведени независно од црквата.

Погледнете го видеото:

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...