Нов фитнес тренд за 2017 – лазење! Видео

403

На фестивалот „Баланс“, одржан во Лондон е претставен новиот фитнес тренд – лазење.

И покрај тоа што на прв поглед изгледа како како лесна вежба, тоа воопшто не е така, бидејќи бара добра координација.

Вежбите се изведуваат на под и за нив не е потребна опрема, затоа што главно помага тежината на телото, јави Си-Ен-Ен.

– Лазењето не само што бара моторни способности, туку го вклучува вестибуларниот систем, сетилниот систем поврзан со рамнотежата и просторната ориентација, истакнува Џастин Клајн, киропрактичар и директор на центарот „Got Your Back Total Health“ во Вашингтон.

Image result for New fitness trend for 2017 - crawling

Експертите сметаат дека со овој метод нашето тело се враќа во состојба, кога се формирало. Иако не е најпогодна вежба, која може да се работи во јавноста, предност е тоа што може да се вежба каде било во станот или куќата.