Норвежанец издаде „стихозбирка” од изјавите на Доналд Трамп

632
Booking.com INT

„Ги знаеме зборовите. Ги имам најдобрите зборови”, рече во една прилика Доналд Трамп. Сега неговите зборови се собрани, речиси необработени, во „стихозбирка” издадена вчера во Норвешка, пренесе БТА.

Bitcoin Exchange CEX.IO

– Она кое Трамп го говори е поблиску до поезијата и фантастиката, отколку до реалноста. Морничавото е што толку необмислена и слабо подготвена реторика му донесе победа на изборите, изјави за весникот „Афтенпостен“ авторот на книгата, Норвежанецот Крис Фелт.

Книгата неслучајно е насловена „Да ја направиме поезијата повторно голема” (Make poetry great again) и е составена исклучиво од изрази, крилатици, приречици и изјави во интервјуа и јавни говори на американскиот претседател на САД.

Да издвоиме само дел од „мудростите“ на Трамп, кажани на сметка на неговата ќерка Иванка пред десетина години:

„Реков,
Ако Иванка
Не ми беше ќерка,
Можеби
Ќе излезев со неа на состанок.”

Според издавачката куќа, збирката чини 299 круни (32 евра) и има првичен тираж од 2.000 примероци, од коишто еден бил испратен и до Доналд Трамп.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...