Нуркачи пронајдоа огромно богатство во остатоци на потонат брод | Видео

428

Двајца нуркачи пронајдоа остатоци на трговски брод кој потонал пред 1600 години кај брегот на Израел, јавија израелските медиуми.

Додека нуркале, недалеку од древното средозено пристаниште Цезарија, нуркачите виделе остатоци од бродот на морското дно. Тие досега пронашле железна котва, остатоци од дрвени едра, како и товарот што го превезувал бродот.

Цезарија1

Меѓу товарот на бродот се пронјадени илјадници златни монети со ликот на Константин Велики и Лициниус во вкупна тежина од околу 20 килограми, бронзена лампи со ликот на богот Соло, фигура на божицата Луна, лампа во форма на череп и многу други артефакти.

Поморски археолог Јаков Шарвит изјави дека такво нешто не е пронајдено во Израел во последните 30 години. Според него, се е добро зачуано, како „на дното на морето да завршиле вчера, а не пред 1600 години“.

loading...