Облачно и свежо со северен ветер | Нема опасност од излевање на поголемите реки

507

Променливо облачно и посвежо време ќе преовладува денеска во Македонија. Претпладне во јужните делови се уште ќе има локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а дневните од 19 до 26 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Во утринските часови ќе има услови за слаб дожд, а температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.

loading...

Синоптичарите од вторник најавуваат стабилзирање на времето со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен. УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

Povezana slika

УХМР: Нема опасност од излевање на поголемите реки

Врнежите од дожд во изминатите 24 часа не претставуваат опасност за излевање на поголемите реки во државата. Водостојот е далеку од граничниот праг на излевање, соопшти утринава Управата за хидрометеоролошки работи.

– Иако на некои водотеци се очекува зголемување на водостојот, сепак поголемите реки се далеку од граничниот праг на излевање и нема опасност од нивно евентуално поплавување. Врнежите кои паднаа во изминатите 24 часа најобилни беа во југоисточниот дел на земјава (Берово 43 мм, Гевгелија 41мм, во Струмица и Демир Капија по 18 мм), но според информациите од метеоролошките станици не беа со силен интензитет и за подолг временски период се сливаа во речните сливови, што со оглед на моменталните ниски водостои не претставува никаква опасност за водотеците низ земјава, појаснува УХМР.

Оттаму посочуваат дека единствена опасност и закана од можни локални излевања може да бидат само силно интензивни врнежи кои за кратко време би наврнале во сливните подрачја на помалите реки и суводолиците.

– Доколку во текот на ноќва паднат врнежи со ваков силен интензитет и бидат сконцентрирани на помалите сливови можно е брзо надоаѓање на водите во помалите реки и суводолиците, а при појава на екстремни врнежи, и локални излевања на поедини места. Ова особено се однесува на водотеците во југоисточниот дел на земјава каде според прогнозите е можна појава на пообилни врнежи, велат од УХМР.

Предупредуваат на внимателно движење покрај малите реки и суводолиците каде е очекувано брзо надоаѓање на поројни води и каде има опасност од појава на свлечишта и одрони.

loading...