Обувките на кои сте им се потсмевале, оваа пролет ќе бидат голем хит

16654

Минатата година на голема врата се вратија chokeri-те, додека оваа пролет сите ќе носат големи тркалезни обетки, со што станало јасно дека во 2017 година со модни додатоци ќе доминираат некои минати времиња.

Носталгијата и понатаму е во тренд

Минатата година на голема врата се вратија chokeri-те, додека оваа пролет сите ќе носат големи тркалезни обетки и јасно е дека во 2017 година со модни додатоци ќе доминираат некои минати времиња.

Тука мислиме и на модните додатоци без кои не може ниту една жена, а тоа се чевлите, бидејќи како што велат модните експерти, каубојските чизми се враќаат на голема врата.

Трендот кој некогаш предизвикал потсмев и беше резервиран само за каубојски филмови, а потоа станал дел од high-street-от, но и на високата мода, последните неколку недели сѐ почесто може да се види по улиците на модните метрополи во светот, но, исто така, и меѓу познатите жени кои ги комбинираат секоја на свој начин.

Така познатата пејачка Лејди Гага ги носи со тексас панталони со прерамки, кои исто така, прават камбек, а актерката Kate Bosworth со цветен фустан и кожна јакна.

Овие чизми припаѓаат на груб модел на чевли, па експертите препорачуваат да се комбинираат со парчиња облека кои ефикасно ќе обезбедат контраст како на пример фустани, кратки здолништа, малку пократки и fluttery здолништа и слично, а секогаш ќе изгледаат добро и на парче омилените тесни фармерки и кожни панталони, кои се, исто така, во центарот на вниманието оваа пролет.

Што велите за овие чизми?

loading...