Објаснето зошто младите се нарцисоидни и мрзеливи | Родителите се виновни, им ракоплескаат за секоја глупост

2007

Шефовите во целиот свет се борат со своите “millennial” вработени; велат дека ги бунат своите претпоставени, дека сметаат дека тие заслужуваат повеќе, и дека се нарцисоидни, мрзеливи и тешко е да се соработува со нив.

“Millennil” односно “millennial генерација” претставува лице или генерација која е родена помеѓу крајот на 1970-тите и почетокот на 2000-тите., односно лица кои во моментов имаат помеѓу 15 и 40 годишна возраст.

Шефовите во целиот свет се борат со своите “millennial” вработени; велат дека ги бунат своите претпоставени, дека сметаат дека тие заслужуваат повеќе, и дека се нарцисоидни, мрзеливи и тешко е да се соработува со нив.

Промашени родителски стратегии

loading...

Но, според мотивацискиот говорник и автор Симон Синек, ова однесување е резултат на неуспешни родителски стратегии.

Синек во едно интервју за The Independent, зборува дека родителството, во комбинација со социјалните мрежи, со работната околина и нетрпеливоста; создало генерација оптоварена со ниска самодоверба.

Според 43-годишниот Синек, родителите на “millennial” генерацијата туку што разбрале дека нивните родителски стратегии постигнале контраефект.

Тој рече дека постојано им зборувале на децата дека се посебни и дека можат да имаат сѐ што ќе посакаат во животот. Децата добивале медали за последното место, а ако не можеле да влезат во најдобрите друштва и клубови, родителите би им приговарале. Тоа значи дека влезот во реалниот свет бил за нив шок, а сликите на децата на сами себе биле скршени.

“Тоа било време кога алчноста била добра работа, а родителите ги воспитувале децата да бидат поединци и да се ставаат себеси на прво место. Иако ова звучи добро во теоријата, родителите, исто така, ги принудувале своите деца да имаат најдобри оценки, како и да се фокусираат на скалилата на успехот и на приходите, што ги оставило збунети”, вели Синек.

Стресот заради кариера

Синек вели дека познава такви кои знаеле да отидат до своите шефови и бараат напредување, но отворено признавјќи дека ја сакаат само титулата, без зголемувања на платата. Причината е во тоа што многу такви деца чувствуваат потреба на Фејсбук или Линкедин да се покажат колку брзо напредуваат на позициите, побрзо од останатите:

“Кога ќе ги видиме врсниците кои добиле напредување, автоматски создава стрес дека нашата кариера не напредува доволно брзо.”

Друг проблем со кој треба да се соочиме е рамнотежата на здрав живот и работа. Иако, во принцип, тоа е точно разбирање на концептот на односот на животот и работата, се чини дека сепак е претерано и погрешно протолкувано.

Синек верува дека се претерува во разбирањето на овој концепт; додека постарите генерации се чувствувале приковани за работните маси, многу од миленијците секој ден се откажуваат од работата точно во пет часот и одбиваат да примаат работни повици или e-mail во текот на викендот. Ваков став е една од причините заради кои имаат репутација за нарцисоидност.

Честа нарцисоидност

Истражувањата можеби покажуваат дека миленијската генерација има висока самодоверба, но со неа често доаѓа нарцисоидност и подложност на потврдите за квалитетот кои доаѓаат од други. “Извештаите за самодоверба и покажување колку некој има самодоверба, не е иста работа”, вели Синек.

Синек верува дека ниската самодоверба не е милениумска грешка, туку проблемот е во тоа што премногу се грижат за тоа што мислат другите: “Тие велат дека сакаат повратна информација за својата работа, но всушност сакаат пофалба и да им се каже дека вршат добра работа. Кога ги критикувате, тие плачат или даваат оставка.”

Меѓутоа, не се само родителите виновни. Синек смета дека растењето во време на социјални мрежи носи голема количина на вина, поради постојаната потреба за пофалби и неспособноста за снаоѓање со критиките. Бројот на лајкови и следбеници станале нова социјална валута, а единствено околу што се грижат е нивниот изглед и имиџ на интернет.

Наведува пример на Денот на таткото; објавуваат фотографии од нив како деца со своите татковци на социјалните мрежи, и покрај тоа што нивните татковци не ги користат социјалните мрежи. “Едноставно јавете им се на своите татковци”, вели Синек.

Нетрпелива генерација

Социјалните мрежи создале неверојатно нетрпелива генерација која сака сè веднаш. Што е уште полошо, миленијците никаде не се задржуваат доволно долго, ниту на работа, ниту во врските.

Синек смета дека премногу од нив пристапуваат кон барање работа, како потрага по богатство, скокајќи од една работа на друга, без да дадат вистинска шанса на една од нив. Сепак, смета дека и денешната корпоративна средина, во која повеќе се грижат за броеви отколку за луѓето; не помага да се создадат работни навики и задоволството во обавување на долгорочна работа.

Младите сметаат дека не треба да трошат време на работа, ако не работат на промена на светот. Оваа опсесија со создавање на впечаток на светот го загрижува Синек, особено затоа што миленијците често не знаат како да го направат тоа:
Менување на светот

“Апсолутно ги поздравувам нив и сите други кои сакаат да направат промена. Сепак, јас сум загрижен дека миленијците, кога велат дека сакаат да го променат светот, не знаат како да го направат тоа и користат премногу општи термини, кои не помагаат. Кога ќе сфатат што точно сакаат да направат и да променат, полесно ќе пронајдат работа.”

Смета дека е многу важно да се зајакне самодовербата преку помагање на другите, бидејќи бизнис фирмите и корпорациите се презафатени да им помогнат.

Главната порака која Синек сака да им ја порача е дека мора да градат врски. Ако тие градат здрави и силни врски, самите ќе бидат посреќни, поздрави и повеќе инспиративни:

“Ние сме социјални животни, а врските се јадрото на задоволство, среќа и успех во животот.”

loading...