Ова е вашиот лек за стрес | Овенот се смирува кога излегува, а Лавот кога е на прошетка

4634
Booking.com INT

Брзиот начин на живот со себе носи големи количини стрес, а луѓето се соочуваат и ослободуваат со тој стрес на различно. Рибите одат во нивниот имагинарен свет, а Стрелците организираат дружења …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Овен

Овните се силни знаци кои се родени лидери и уживаат во вниманието на луѓето околу нив. Земајќи го сето ова во предвид, тивка домашна атмосвера дефинитивно нема да има големо влијание врз енергичниот Овен. Со цел да се ослободат од стресот, најдобро е да излезат на настан, во кафуле или со пријател да заминат на истражување на нови места.

Бик

Кога станува збор за решавање на стресот, на Бикот му е потребно спротивното од она што му треба на Овнот – не му одговара друштво или гласни места, туку ужива во мирот и тишината на својот дом. На Бикот му е најпотребно најмалку слободно време за да се олади и да изготви нова стратегија за иднината. Им треба пријатна, тивка и мирна атмосфера. Ако ја немате дома (премногу гласни членови на семејството), одете на прошетка до паркот.

Близнаци

Ништо не може да им создаде стрес како што може монотонијата. Тие се природно љубопитни, не можат да дочекаат ново искуство, нов предмет кој ќе го изучуваат или семинар на кој ќе одат. Ако Близнаците почувствуваат дека нивниот живот стагнира, дека немаат никакви предизвици, тоа брзо ќе им создаде огромен притисок. Одличен начин да се справат со тој стрес е патување или излет кој ќе им даде нови искуства и знаење.

Рак

Раковите имаат доверба само во тесниот круг на семејството и пријателите и се претпазливи во споделувањето на нивните тајни, мислења и ставови. Од друга страна, дури и ако не сте во семејството, ако ја имате довербата на Ракот, тогаш сте во неговиот непосреден круг и ве смета за член на семејството. Затоа, кога ракот се чувствува стресно, се свртува кон своето семејство и наоѓа утеха на семејните собири.

Лав

Лавовите се претежно спортски типови кои сакаат да го поминуваат своето време активно, во природа, а во текот на зимата, доколку е потребно и во фитнес сала. Кога се чувствуваат под стрес и на крајот од силата, седењето дома не им помага, треба да одат на прошетка, да возат велосипед, да планираат излет за викенд и да ја отпуштат целата таа негативна енергија.

Девица

Припадниците на овој знак се многу често под стрес, и тоа оној кој самите го предизвикале со нивната желба секогаш да постигнат совршенство. Најдобар начин Девиците да го решат стресот е да се фокусираат на нешто друго и да престанат да размислуваат за тоа што им создава стрес (тоа може да биде краткотрајно одвлекување на вниманието, на пример, кратка пауза за кафе на работа за да се оттргнат од она што им го предизвикуваат стресот) .

Вага

Вагите не можат да толерираат нерамнотежа и трошат многу енергија за да воведат хармонија во односите со луѓето околу нив и во нивната средина. Во случај да изгубат контрола над настаните во својот живот и дојде до нерамнотежа во некој дел од животот, за нив е најдобро да се свртат кон нештата кои ги сакаат (на пример омилено хоби) и некое време да си угодуваат.

Скорпија

Припадниците на овој знак закрепнуваат од стрес на сосема неочекуван начин. Наместо да прават нешто позитивно, промени во општеството, активности или да направат нешто неочекувано Скорпионите ќе се свртат кон својот дом и ќе продолжат да се занимаваат со своите проблеми. Она што им помага се приказните за лошите животни моменти – таквите приказни ќе ги охрабрат да се движат натаму.

Стрелец

Тие не сакаат да бидат сами, а кога се под стрес или се незадоволни од својот живот, на Стрелците им е потребно добро друштво. Исто така, тие сакаат да се чувствуваат безбедно, па најдобро е да подготват филмска ноќ за пријателите и да останат дома. Доброто дружење ќе ги релаксира припадниците на овој знак и ќе им даде енергија за да продолжат понатаму.

Јарец

На Јарците во животот им е потребна структура, јасна ориентација и акција. Додека на другите знаци стресот ќе им создаде премногу обемна работа, Јарците ќе бидат под стрес ако имаат премногу “слободно време”. Кога чувствуваат дека ја изгубиле структурата, тие ќе се фрлат на планирање за следната недела, месецот, настанот или патувањето. Планирањето ќе ги смири и ќе им даде впечаток дека го имаат животот под контрола.

Водолија

Многумина мислат дека најлесно е да се реши стресот ако целосно се исклучите, но тоа не смее да им се случи на припадниците на овој знак. За да го решат стресот, тие ја насочуваат својата интелектуална моќ на други работи. За Водолијата најдобар начин да се реши од стресот е да решава крстозбори, квизови или да отиде на некое интересно предавање.

Риби

Рибите сакаат да талкаат по својот имагинарен свет, биле тие под стрес или не. Оваа способност на целосно исклучување од реалноста е многу практична во моменти на стрес, бидејќи на овој начин Рибите наоѓаат мир и бегаат од секојдневниот живот.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...