Ова е заб од најголемата ајкула

2499

Максималната можна тежина на мегалодонот се проценува на околу 48-53 тони и со хипотетичка големина од 20 метри и повеќе, но многумина сметаат дека научно е неосновано.

Се чувствував како да добив на лотарија! Тоа беше реакцијата на Danny Blanda, сурфер, кој неодамна на плажата во Северна Каролина пронајде заб од најголемата ајкула која воопшто пливала по светските мориња и океани.

Како што гледате забот е голем колку човечка дланка, а се претпоставува дека од мегалодон, предокот на денешната голема бела ајкула.

loading...

Најголеми фосилни остатоци од мегалодон пронашол палеонтологот Clifford Jeremiah 2002 година. Со реконструкцијата е утврдена најголемата научно докажана големина на мегалодонот со должина од 16,5 метри.

Дополнителни мерења извршиле и други научници, меѓу кои и јапонскиот професор Kenshu Shimada од DePaul University, кој верува дека мегалодонот би можел да порасне и до 16,8 метри, заокружено на 17 метри.

Максималната можна тежина на мегалодонот се проценува на околу 48-53 тони и со хипотетичка големина од 20 метри и повеќе, но многумина сметаат дека научно е неосновано, со оглед на недостаток на докази кои тоа би го потврдиле.

loading...