Ова е најдобра возраст за женидба и мажење

930
Booking.com INT

Научниците: “Оние кои чекаат најчесто не сакаат да стапат во брак, па и разводите се почести!”

Bitcoin Exchange CEX.IO

Истражувањето кое неодамна го спроведе Универзитетот во Utah покажало дека брачните двојки кои најмалку се разведуваат се оние кои се ожениле кога биле на возраст меѓу 28 и 32 години. Тоа особено се однесува на “рани разводи”, односно на двојки кои го прекинуваат бракот само неколку години откако го склопиле.

Социологот Nick Wolfinger, кој го предводел истражувањето, ги анализирал податоците за браковите од 2006 до 2010 година, и открил дека бројките покажуваат дека најдобрите, односно со најмалиот број разводи, поминале оние меѓу 28 и 32 години кога застанале пред олтарот (или матичарот), и ја дал контра-тезата на тврдењата дека најдобро е да се ожените колку што е можно подоцна, како што тврдат некои општествени научници.

Најлошо поминуваат оние кои се премногу млади – и премногу стари

Новото истражување покажува дека всушност најлошо поминуваат оние кои се ожениле “многу доцна” и оние кои се женат “многу рано.” Меѓу оние кои имаат најголема веројатност да се разведнат во првите пет години од бракот од моментот кога го склопиле, се двојки кои тоа го направиле кога биле на тинејџерската возраст или во почетокот на 20-тата година, и двојки кои се ожениле по 45-годишната возраст. Нивната шанса да се разведат така расте за 5 отсто во споредба со “идеалната возраст”, пренесува indy100.com.

На прашање зошто луѓето кои се ожениле по 32 години имаат “помалку шанси” да живеат” во добро и зло додека смртта не ги раздели” Wolfinger нуди потенцијално образложение кое еповрзано со причините зошто некој го одложувал склопувањето на бракот.

– Луѓето кои чекаат до 30-тите можеби се оние кои и немале предиспозиции и големи желби за брак, а подоцна може да се појави нервоза во врската со фактот дека тие во крајна линија сепак стапиле во брак, – рече тој.

Од друга страна, постојат истражувања кои зборуваат поинаку, како она од универзитетот Мериленд, кое ги вклучило само жените. На пример, во таа студија се покажало дека совршена возраст за мажење е кога се помеѓу 45 и 49 години. Извесно е дека ќе бидат потребни уште многу слични студии научниците да се усогласат, а до тогаш – со среќа на сите кои неодамна стапиле во брак, па колку и години да имаат.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...