Ова се најпривлечни дестинации во 2017 година

704

И ова лето најпопуларни се бројните шпански летувалишта, но овие дестианции се се повеќе привлечни за туристите.

Аирбнб оваа година издвои одредишта кое бележат многу повеќе резервации отколку во истото време минатата година. Ова се некои дистинации каде секогаш се бара соба повеќе.

Росарио, Мексико

Раст на побарувачка: 231 отсто

Гратче на плажа, сместено само неколку километри од границата со САД, а го красат луксузни одморалишта како и првокласни рибни ресторани.

Дестин, Флорида

Раст на побарувачка: 232 отсто

Дастин е популарно место во пролет и лето, а туристите најчесто уживаат во часови на голф и пливање во Мексиканскиот Залив.

Скарбороу, Англија

Раст на побарувачка: 258 отсто

Скарбороу е морско одморалиште уште од викторијанското време, но во последно време во него расте и културната понуда.

Ханој, Виетнам

Раст на побарувачка: 261 отсто

Главниот град на Виетнам оваа година доживеа вистински „бум“. Тоа е град со богата култура, штандови полни со храна и занимливи уметнички сцени.

Јохор Бахру, Малезија

Раст на побарувачка: 262 отсто

Иако долго време се сметал за хаотичен град, кој нема никаква специјална понуда, последните години Јохор Бахра се воздигна од пепелта. Неговите музеи и храмови никого нема да го остават рамнодушен.

Леванто, Италија

Раст на побарувачка: 313 отсто

Секако, Италија е преполна со градови и места кои треба да се видат, а еден од оние кои се помалку познати во јавноста е Леванто. Локацијата на која се наоѓа го одзема здивот, а ако сакате да го избегнете метежот, тоа е одлична алтернативна на соседна Чинкве Тера.

Салоу, Шпанија

Раст на побарувачка: 463 отсто

Салоу пред се ја краси убавата плажа во делот познат како Коста Дорада. Салоу е смесен во јужниот дел од Тарагона, а со оглед на тоа дека во близина е и познатиот забавен парк Порт Авентура, претставува идеален избор за цело семејство.

loading...