Ова се најскапите градови во светот за живеење

2462
Hamilton, Bermuda

И покрај екстравагантниот начин на живот во градовите во Азија и Блискиот Исток, најскап град во земјата е Хамилтон на Бермудите.

И покрај тоа што Бермудите изгледаат како опуштено место, туристите секако треба добро финансиски да се обезбедат пред да заминат на оваа дестинација.

Просечните месечни животни трошоци за околу три илјади жители изнесуваат 4.769 долари, а веднаш по Хамилтон се наоѓа Сан Франциско, каде животот во просек чини 4.612 долари месечно.

Следува Њујорк, каде граѓаните секој месец мораат да издвојуваат 4.207 долари доколку сакаат да продолжат да живеат во „Големото јаболко“.

Целокупниот список на 20 најскапи градови во светот за живеење изгледа вака:

20. Токио, Јапонија – 2.208 долари

19. Окланд, Нов Зеланд – 2.228 долари

18. Венеција, Италија – 2.277 долари

17. Насау, Бахами – 2.307 долари

16. Копенхаген, Данска – 2.360 долари

15. Даблин, Ирска – 2.374 долари

14. Луксембург, Луксембург – 2.476 долари

13. Осло, Норвешка – 2.606 долари

12. Доха, Катар – 2.819 долари

11. Рејкјавик, Исланд – 2.873 долари

10. Сиднеј, Австралија – 2.888 долари

9. Хонолулу, САД – 2.906 долари

8. Сингапур, Сингапур – 2.940 долари

7. Дубаи, УАЕ – 3.006 долари

6. Лондон, Велика Британија – 3.228 долари

5. Хонгконг, Хонгконг – 3.244 долари

4. Женева, Швајцарија – 3.314 долари

3. Њујорк, САД – 4.207 долари

2. Сан Франциско, САД – 4.612 долари

1. Хамилтон, Бермуди – 4.769 долари