Ова се првите индикатори дека во вашиот организам се појавил рак – и каде

147020
ОВА Е КОРИСНО И ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ. СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ!

Ако на телото и во него се случуваат промени, кои не можат логички да се објаснат, можно е да се работи за развој на ракот. Препознајте ги раните симптоми и спасете го својот живот.

Раното откривање на ракот може да го спаси вашиот живот. Постојат многу рани индикации дека некаде во телото се појавил рак, а по тоа каде настанале пречките може да се заклучи за каков вид на рак се работи.

Овие симптоми често можат да се видат многу порано пред лекарската дијагноза, само треба да се обрне внимание.

loading...

20 знаци дека во вашето телото, можеби се појавил ракот

1. Отежнато дишење или останување без здив. Еден од првите знаци на рак на белите дробови е неможноста да се земе воздух – отпосле се сеќаваат луѓето кои го победиле ракот.

2. Хронична кашлица или болки во градите. Неколку видови на рак, вклучувајќи ја леукемијата и ракот на белите дробови, предизвикуваат симптоми како кашлицата и бронхитисот. Некои луѓе заболени од рак на белите дробови, кажале дека тие првично почувствувале болка во градите која се протегала кон рамото или надолу во раката.

3. Честа треска или инфекции. Тоа можат да бидат знаци на леукемија – рак на крвните клетки, кој започнува во коскената срцевина. Леукемијата предизвикува абнормално производство на бели крвни клетки, со што се поткопува способноста на телото да се бори против инфекциите.

4. Тешкотиите при голтање. Проблемите со голтање најчесто се поврзани со рак на хранопроводникот или на грлото. Исто така, понекогаш може да биде една од првите показатели на ракот на белите дробови.

5. Отечени лимфни јазли или грутки на вратот, под пазувите или на препоните. Зголемените лимфни јазли покажуваат промени во лимфниот систем, кој може да биде знак дека во телото се појавил рак.

6. Прекумерна појава на модринки или крварење, кое не престанува. Овие симптоми обично укажуваат дека нешто ненормално се случува со тромбоцитите и еритроцитите – што може да биде знак на леукемија. Со текот на времето, леукемијата ги истиснува црвените крвни зрнца и тромбоцитите, и така ја нарушуваат способноста на крвта да пренесува кислород низ телото.

7. Слабост и замор. Појавата на постојан замор и слабост е симптом на многу видови на рак, па тоа треба да се гледа во комбинација со други симптоми. Ако постојано се чувствувате исцрпени, без логично објаснување и без разлика што многу спиете, не заборавајте да посетите лекар.

8. Надуеност и зголемување на телесната тежина во стомакот. Жената со дијагноза рак на јајчник многумина од нив кажале дека страдале од необјаснета надуеност која доаѓала одненадеж и траела долго време. Потоа исчезнувала и се појавувала повторно.

9. Чувство на ситост и губење на апетитот. И ова може да биде еден од симптомите на рак на јајчник. Жените кои го имале раскажувале дека не можеле да јадат дури и кога подолг период биле без храна.

10. Болка во карлицата и во абдоменот. Болката и грчеви во стомакот и карлицата може да се поврзат со надуеност, која често сигнализира дека се работи за рак на јајчник. Леукемијата, исто така, знае да предизвика болка во стомакот – поради зголемена слезина.

11. Ректално крварење или крв во столицата. Тоа е вообичаен симптом на рак на дебелото црево. Ако видите крв во текот на извршувањето на големи итни нужди, одете на лекар што е можно поскоро.

12. Необјаснето губење на тежината. Губење на тежината е ран знак за рак на дебелото црево и други видови рак на дигестивниот систем. Ова може да значи дека ракот веќе се проширил на црниот дроб што влијае на апетитот и неспособноста на организмот правилно да се ослободува од токсините.

13. Грчеви во желудникот или чести болки во стомакот. Може да укажуваат на рак на дебелото црево.

14. Црвени, болни и отечени гради. Овие симптоми може да укажуваат на воспалителен рак на дојка. Контактирајте го вашиот лекар ако видите какви било необјаснети промени на вашите гради!

15. Промена на изгледот на брадавиците. Еден од најчестите промени кои жените ги забележуваат пред самата лекарска дијагноза на рак на дојка се промени на изгледот на брадавиците. Знаат да станат сплескани, вовлечени, или свртени на една страна.

16. Невообичаено тешки и болни циклуси или крварење помеѓу циклусите. Многу жени страдале од тоа пред да им е дијагностициран рак ендометрија или рак на матката. Ако тоа е и кај вас така, би било добро да одите кај гинеколог на вагинален ултразвук.

17. Оток на лицето или црвенило. Некои пациенти дијагностицирани со рак на белите дробови забележале дека се соочуваат со потечено лице или со невообичаено црвено лице. Мали туморски клетки обично ги блокираат крвните садови во градниот кош и ѝ попречуваат на крвта да циркулира слободно низ главата и лицето.

18. Промените на кожата кои не исчезнуваат. Може да се работи за различни видови на рак на кожата – меланом, карцином на базалните клетки и карцином на плочестите клетки. Периодично проверувајте го изгледот на кожата по целото тело.

19. Промени на ноктите. Необјаснети промени на ноктите може да бидат знак на неколку видови на рак. Кафеави или црни ленти, или точки под ноктите – на рак на кожата. Појавата на проширени нокти кои се виткаат навнатре понекогаш е индикација дека се појавил рак на белите дробови, а бледи или бели нокти може да укажуваат на рак на црниот дроб.

20. Болка во грбот или долниот дел на грбот. Многу заболени луѓе велат дека ова е првиот знак на рак на црниот дроб. Ракот на дојката, исто така, често се дијагностицира преку болниот грб – тоа понекогаш се случува бидејќи ракот врши притисок или веќе се проширил на ‘рбетот или на ребрата, пишува theusualroutine.com.

СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ!

loading...