Ова се 10 најскапи разводи во историјата!

1140

Како што и самите знаете, во светот на богатите и славните, браковите понекогаш завршуваат пред официјално да започнат …

Така што многу луѓе добиваат огромни суми на пари, како и договори, додека оние другите, вклучувајќи го и Пол Мекарти, Мадона, Тајгер Вудс, и сегашниот претседател на САД Доналд Трамп, ги плаќаат истите тие суми, кои се вистинско богатство.

Иако секоја од овие суми се проценува на неколку десетици милиони долари, тие не се ништо посебно во споредба со најскапите разводи на сите времиња.

Сега погледнете ја листата која вреди преку неколку стотици милиони долари, а во некои случаи дури и милијарда долари.

Прочитајте за кои разводи станува збор:

1. Robert Johnson и Sheila Crump Johnson – 400 милиони долари

Телевизиските магнати Robert Johnson и Sheila Johnson во брак биле од 1969 до 2002 година, а за време на нивниот заеднички живот, ја основале Black Entertainment Television.

Во 2000 година, тие станаа првите афро-американски милијардери, а две години подоцна се развеле. Sheila добила сума од 400 милиони долари, а иронијата да биде уште поголема, подоцна се омажила за судијата кој бил задолжен за нејзиниот развод.

2. Mel Gibson’s и Robyn Moore – 425 милиони долари

Овој развод вреден речиси половина милијарда долари помеѓу актерот Mel Gibson и Robyn Moore сѐ уште е најголемата разводна исплата во историјата на Холивуд. Robyn буквално зеде половина од тогашното богатството на познатиот актер.

3. Craig McCaw и Wendy McCaw – 460 милиони долари

Пионерот во индустријата на мобилни телефони, Craig McCaw, и новинарскиот публицист Wendy McCaw, пријателски се разведоа во 1997 година, а како резултат од тоа доби 460 милиони долари акции во Nextel Communications.

4. Дмитрий Риболовлев и Елена Риболовлева – 604 милиони долари

Елена Риболовлева поднела барање за развод од рускиот бизнисмен, за неговите сериски неверства, затоа што тој, како што велитаа “своите освојувања ги делел со пријателите и другите олигарси”. Првично, судот на Елена ѝ доделил 4,5 милијарди долари, а по жалбата, таа заминала “само” со 604 милиони долари.

5. Adnan Khashoggi и Soraya Khashoggi – 874 милиони долари

Adnan Khashoggi, дилер со оружје од Саудиска Арабија, 1961 година стапи во брак со дваесетгодишната Британка со име Sandra Daly, која по преминувањето во ислам го промени своето име во Soraya. Според магазинот Time, оваа двојка поседувала 17 куќи, три авиони и три јахти. По разводот во 1974 година, Soraya добила 874 милиони долари, што би во денеѓно време изнесувало околу 2 милијарди долари.

6. Harold Hamm и Sue Ann Arnall – 975 милиони долари

Разводот на нафтениот магнат и неговата сопруга беше многу горчлив, а завршил така што Harold Hamm на Sue Ann Arnall ѝ напишал чек од 974,8 милиони долари. Arnall веднаш не го уновчила чекот, туку се борела на суд за уште поголема компензација, но во 2015 година, конечно да се откажала.

7. Steve Wynn и Elaine Wynn – 1 милијарда долари

Големите ѕверки на казината во Лас Вегас, Steve и Elaine Wynn, се венчеале не еднаш, туку два пати и биле во брак од 1963 и 1986 година и од 1991 до 2010 година. Нивниот втор развод е еден од најскапите на сите времиња. Иако деталите биле чувани под најголема тајност, проценето е дека договорот достигнал бројка од околу една милијарда долари.

8. Bernie Ecclestone и Slavica Radic Ecclestone – 1,2 милијарди долари

Првиот човек на Формула 1 Bernie Ecclestone, еден од најбогатите мажи во Велика Британија, се разведе од хрватскиот модел, Славица Радиќ, во 2009 година. Договорот се проценува на 1,2 милијарди долари, и иако деталите не се многу јасни, се чини дека постои необичен пресврт – всушност, Славица на Берни му плаќа надомест!

9. Rupert Murdoch и Anna Torv – 1,7 милијарди долари

Медиумскиот магнат Rupert Murdoch и новинарката Anna Torv беа во брак 31 година и заедно имаат три деца. Сепак, овој пар не можеше да се согласи околу пензионирањето на Murdoch и повлекување од светот на бизнисот, па затоа пријателски се разделиле 1998 година. Деталите за разводот не се јавно достапни, но Torv, наводно, добила 1,7 милијарди долари. Само седумнаесет дена по разводот, Murdoch се оженил со Венди Денг, додека Anna Torv се омажила со Вилијам Мано шест месеци подоцна.

10. Alec Wildenstein и Jocelyn Wildenstein – 3,8 милијарди долари

Најскапиот развод воопшто се случил во 1999 година кога еден француско-американски бизнисмен и дилер на уметнички дела се развел од неговата сопруга со која бил во брак дваесет и една година. По разводот Jocelyn доби 2,5 милијарди долари, со “рати” од 100 милиони долари годишно, во следните тринаесет години!

loading...