Ова јадете за вечера | Во сон согоруваат масти и ја намалуваат телесната тежина …

2712

Дали јадете навечер грицки или поради работата доцна ручате па пред спиење сте повторно гладни, добро обрнете внимание на она што ќе изберете, бидејќи со една храна можете да губите телесна тежина, а со друга да ја зголемите.

Вечерните оброци кои дебелеат особено се однесуваат на храната со многу обработени јаглехидрати и скроб како леб, ориз, компири и печива со малку влакна и многу шеќер. Овој вид на храна ќе ја ублажи гладта за некое време, но калориите кои ги внесувате во организмот нема да се потрошат, туку за време на спиењето ќе ги наталожи како маснотија.

Сепак, експертите советуваат дека не се оди во кревет гладен. Кога сте гладни во доцните часови на ноќта, подобро е да посегнете по храна со висок удел на протеини и мала количина јаглени хидрати.

loading...

Затоа, идеална опција се неколку стапчиња (или топчиња, во зависност од пакувањето) моцарела. Моцарелата има помалку од 100 калории во една топка или стапче, но тие мали закуски обезбедуваат неверојатни шест грама протеини со само еден грам јаглени хидрати, како и со дополнителни хранливи состојки како калциум и витамин Д. Плус, нема да мора да се грижите за прејадување, бидејќи се работи за мали пакувања, се вели во Reader’s Digest.

Оние кои не толерираат лактоза, или не сакаат млечни производи, можат да се послужат со малку јаткасти плодови и да земат неколку бадеми или ореви. Точно е дека јаткастите плодови се многу калорични и богата се со масти, но тие ќе го ублажат гладот и ќе му дадат на телото потребните протеини, витамин Е, селен, магнезиум и други хранливи материи. Само внимавајте на количината, една дланка ореви ќе биде доволно организмот да не гладува.

loading...