Ова ќе биде најпопуларна дестинација во 2017 година

1485
Лисабон

Исланд беше популарна дестинација во 2016 година, Тајланд една година порано, а во 2017.ќе биде година кога сите ќе посакаат да ја посетат Португалија.

Португалија се појавува на повеќето листи ширум светот, како најдобра дестинација за 2017 година и тоа поради неколку причини. Топлото време, убавите плажи, градови со историја и пристапните цени го ја прават избор број еден.

Делови од Лисабон, главен град на Португалија, постојат од 9. век. Можете да се шетате по средновековните улици на  Алфама, а потоа да се упатите кон тврдината Свети Ѓорѓи (Castelo Sao Jorge).

Градскиот врв „Муриш“ нуди спектакуларен поглед, а влезот чини околу десет евра.

Некои од старите трамваи во градот се сообраќале по улиците и за време на Втората светска војна, а билетот чини околу три евра.

Португалското крајбрежје е голема атракција. Огромните бранови на Назара за оние кои сакат да сурфаат, но и кристално чистата и мирна вода на Лагос, за оние кои сакаат да се релаксираат.

Порто

Втор најголем град во Португалија е Порто, кој се наоѓа во северниот дел на земјата. Оддалечен е само еден час возење од Минхо, областа на виното, каде се произведува свежо бело вино, совршено за летни денови.

Омилена храна на локалното население е „францешина“, нешто каkо сендвич со колбаси, шунка, стек, топено сирење и лут домат, со сос од пиво.

Самиот град има средновековен центар со камени улици и позлатени резби. Тоа всушност е лавиринт, но ако ја следите реката, нема за се загубите.