Овие жени бурно реагираат кога ќе ја допрат спермата на своите мажи

836

“Вагината ми е потечена и многу црвена, а во текот на наредната недела се излупи. Бев во агонија и во болка со денови”, раскажа една жена чиј брак се распаднал поради алергија на сперма.

За време на бременоста, жена со анонимно име Kristyn станала премногу чувствителна на плазмата од сперма. Тоа го дознала по роденденскиот секс со кој го израдувала нејзиниот сопруг. Почнала тешко да дише и да отекува. Побрзале во болница, а лекарите најпрво мислеле дека е алергична на лосионот после бричење на нејзиниот сопруг.

Меѓутоа, по понатамошната анализа, ги шокирале брачните другари кога им соопштиле дека е алергична на неговата сперма, поточно, на течноста во која спермата се наоѓа.

loading...

“Се сеќавам на разговорот со докторот во кој спомна дека би можела да биде алергична на својот сопруг. Помислив, алергична на мене, како е тоа можно?! Ништо не ми беше јасно” – се присеќава сопругот, додавајќи дека “нејзината состојба е иста со она на луѓето кои се алергични на кикирики”.

– Тоа понекогаш се случува поради промените во имунолошкиот систем за време на бременоста жената да не го отфрли детето. Тогаш жената е изложена на нови видови алергени и може да се развие хиперсензитивност, но тоа се случува многу ретко – објаснува Кармела Јомтубијан од Медицинскиот факултет Loma Linda.

Крстин добила лекови против оток и алергија. Докторите кажале дека и понатаму можат да имаат секс, но не без кондоми.

Кај неа, симптомите биле поразлични

Друга жена имала алергиска реакција на нејзината прва брачна ноќ, но симптомите биле различни. Немала задушување и оток, туку имала силни болки. Дотогаш тие користеле заштита, но за таа специјална ноќ сакале да направат исклучок бидејќи, веќе размислувале за дете.

“Веднаш по сексот почувствував дека нешто не е во ред. Имав силни болки, а силно ме болеше и додека мокрев. Отидов кај лекар, но тој ниту после неколку тестови не знаеше што не е во ред со мене. Се посомневав на алергија на мојот сопруг дури тогаш кога пријателките ми кажаа дека и тоа постои” – раскажа таа.

Не се залетала право на лекар, туку прво побарала повеќе информации на Интернет. Подоцна во болница ѝ потврдиле дека била алергична на течноста во која се наоѓа спермата. Откако дознале што неа не е во ред со неа почувствувале олеснување, но следи големо разочарување и шок. Лекарот нагласил дека нејзиното тело ја уништува неговата спермата, односно дека нема да може да има деца.

Нејзиниот брак се распаднал поради алергија

Третата жена која проговорила за оваа непријатна состојба, бракот ѝ се распаднал поради алергија на спермата. И таа сакаше да биде анонимна. Неа ѝ го откриле ова нарушување 14 месеци по свадбата.

“Секој пат кога сме имале секс, чувствував болка и печење. Вагината ми потече и стана многу црвена, а следната недела се лупеше. Бев во агонија и болка со денови. Тогаш имав 23 години и бев срамежлива. Ми беше тешко со некој да зборувам за така интимни работи. Меѓутоа, на крајот, отидов на лекар, раскажа таа за порталот xoJane.

Кога открила за што се работи, не се грижела премногу за тоа уверена дека постои лек. Но, докторот ѝ објаснил дека не можат ништо да прават, дека тоа е така и мора да научи да живее со тоа. Нејзината драма не била завршена, таа не ќе може да ужива во сексот ниту со кондоми, затоа што била алергична и на латекс. Во следните четири месеци нејзиниот брак се распаднал. Сопруг очајно сакал бебе, а таа не можела да му го даде.

Како експертите гледаат на ова

Експертите велат дека алергијата на спермата не е толку ретка појава и дека дури 12 отсто од жените страдаат од неа. Но, немаат вистински податоци, бидејќи некои имаат благи симптоми и не обрнуваат внимание на нив или ги мешаат со разни инфекции, сексуално преносливи болести …

Но, понекогаш, состојбата може да биде толку критична што може да предизвика анафилактичен шок, најтешка форма на алергиска реакција. Оваа состојба е опасна по живот. Ова нарушување најчесто ги напаѓа жените на возраст меѓу 20 и 30 години.

Симптоми: иритација, чешање, болно мокрење, егзема, дијареа, проблеми со дишењето.

Жена која е алергична на сперма на еден партнер, ќе биде алергична на секој нареден.

НАПОМЕНА: За повеќе информации консултирајте се со вашиот матичен лекар.

loading...