Овие работи треба да ги исфрлите од куќата | Влијаат на вашето здравје, полека ве трујат

21882

Ослободете се од нив што е можно поскоро и тоа без многу размислување.

И покрај тоа што често не сте ни свесни, со текот на времето во просторот во кој живеете или работите натрупувате еден куп работи кои не ви се потребни, но сепак мислите дека некогаш ќе ви требат.

Но, чистење на нередот ќе ви го олесни престојот во просторијата каде што поминувате најмногу време.

loading...

Можеби за тоа не сте свесни, но трупање на работите не го нарушува само изгледот на вашата куќа, станот или канцеларијата, туку му штети и на вашето здравје, пишува порталот health.com.

Еве за кои работи не треба многу да се размислува кога ќе почнете со чистење:

Стара козметика

OLD COSMETICS-001

Како и храната и козметиката има рок на траење, а некои од анкетите покажале дека само една од четири жени обрнува внимание на рокот на траењето на шминката. Во повеќето случаи, забораваат кога го купиле производ, па го употребуваат и по истекот на рокот. Маскарата и моливите на кои им изминал рокот може да го зголемат ризикот од инфекција, а слично е и со старите кармини. Ако на кремите рокот им е истечен, и тие го смениле мирисот или бојата, не е препорачливо да се ставаат на лице, бидејќи можат да предизвикаат алергиски реакции.

Pseudomonas aeruginosa-001Сунѓери и четки за туширање

Експертите сметаат дека овие помагала најдобро целосно да се исфрлат од употреба, бидејќи како што велат, тие се легло на бактерии.

Резултатите од студијата кои се објавени во списанието Journal of Clinical Microbiology, покажале дека сунѓерите, кои се произведени од краставици, можат брзо да развијат и да ја пренесат бактеријата Pseudomonas aeruginosa, која предизвикува болести како кај луѓето, така и кај животните.

Бактериите најдобро се развиваат на влажни места, а бањата е совршено место за нив. Ако сунѓерот по туширање не се измие и не се исуши, бактериите ќе се развијат. Ако сунѓерот се користи правилно, се исчисти по секое туширање, препорака е да се користат максимално три месеци.

Лекови

MEDICINES-001

Рокот на траење на лековите е обично околу една година, по што тие можат да станат опасни за нашиот организам или да имаат намален ефект. За повеќето лекови, ако се правилно складирани, ефикасноста и безбедноста останува непроменета и неколку години по датумот на истекот. Многу често во нашите куќни аптеки се наоѓаат лекови кои се отворени и најчесто погрешно се чуваат. Многумина лековите ги чуваат во шкафчињата во бањата, каде што температурата и влажноста на просторијата се многу поголеми од оние на кои се чуваат лековите. Тие лекови не се препорачуваат за употреба по истекот на датумот.

loading...