Овие растенија не ги чувајте во спалната соба

2427
Растенија со јак мирис - лаванда, крин, јоргован
Booking.com INT

Не сите растенија позитивно делуваат на климата во собата. Зелената оаза во спалната соба може, во одредени околности, дури и да го наруши сонот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Колку и да е спалната соба мала, растенијата се добредојдени во неа. Сепак, доколку сте се одлучиле да “ја зазелените”, во изборот на растенијата треба да обрнете внимание на следново:

Премногу растенија

Растенијата во текот на денот произведуваат многу кислород, но ноќе го “вдишуваат”. Сѐ додека немате премногу растенија во својата спална соба, ноќната потрошувачка и дневното производство на кислородот ќе биде избалансирано. Сепак, задолжително е редовно проветрување!

Растенијата со јак мирис

Растенија кои интензивно мирисаат – како лавандата, јоргованот и кринот – можат да го нарушат сонот. Нивниот силен мирис, исто така, може да предизвика главоболки. Алергичарите никогаш не треба да ставаат такви растенија во спалната соба.

Заболените растенија

Ако почвата во саксиите е скапана или раститението е болно, тоа може да предизвика алергиски реакции кај луѓето. Не чувајте болни растенија ниту во другите простории од куќата или станот.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...