Овие 4 работи детето секогаш ги наследува од таткото

2697

Убав на мајка, паметен … исто на мајка? Не, секогаш можеме да расправаме за овие работи со нашата посилна половина, но за овие четири секогаш е заслужен токму таткото.

Децата се вистинско мало чудо, претставувајќи ја минијатурната верзија на своите родители.

И додека по игра на случај детето ќе наследи некои работи од мајката, а другите од таткото, постојат четири карактеристики на детето кои се пренесени директно од таткото.

Пол

Во моментот кога спермата ќе ја оплоди јајце клетката, се утврдува пол на детето. За тој избор е одговорен исклучиво сперматозоидот, бидејќи јајце клетката носи два Х хромозоми, додека сперматозоидот носи еден Х и еден Y хромозом. Полот на детето ќе зависи од тоа дали јајце клетката ќе биде оплодена од Х или Y хромозомот – ако е Х, детето ќе биде женско, а ако е Y, детето ќе биде машко.

Рефлекс на кивавица од светлина

Ако треба да кивате секој пат кога ќе погледнете во сонце, најверојатно тоа сте го наследиле од својот татко. Синдромот “Апнеја” е феномен каде што луѓето киваат штом се изложени на ненадејна, интензивна светлина.

Отпечатоци од прстите

Иако отпечатоците од прстите се нешто сосема уникатно и никој нема исти отпечатоци како ние, сепак тие на детето ќе бидат послични на отпечатоците на нивниот татко, наместо на отпечатоците на нивната мајка.

Далтонизам

Далтонизмот е ретко нарушување каде што некое лице не ги препознава јасно боите, туку само контрастите (црно-бело). Овој термин често се меша со нарушувањето во кое едно лице не ја препознава црвената и зелената боја. Околу 5% од светската популација е погодена од овој синдром, а повеќето од нив се мажи кои природно го носат тој дефект во себе, па затоа тие обично го пренесуваат на нивните потомци.

loading...