Овошниот сок не е за деца помали од една година

915

На децата помали од 12 месеци не треба да се даваат овошни сокови, освен со совет на лекари, објави Американската академија за педијатрија. 

Децата и тинејџерите и натаму се главни конзументи на сокови во САД, а состојбата не е многу поинаква ни во земјите на Европа.

Проблемот е што родителите ги навикнуваат децата постојано да пијат сок од шишенце, што не е добро ни за забите, па децата тогаш се навикнуваат на шеќер и не сакаат да пијат вода.

loading...

Сепак, новите насоки покажуваат дека 100 процентниот свеж сок може да биде многу здрав за добро избалансирана диета за деца постари од една година.

Академијата ги советува родителите да го ограничат количеството на сок на околу децилитар дневно за деца од година до три години, а за деца од четири до шест години количеството на сок што го пијат треба да изнесува од 1 до 1,7 децилитри. Децата од седум до 18 години не треба да пијат над 2 децикити сок во текот на денот.

Доктор Џенифер Шу, која се согласува со ограничените количества на внесување на сок кај децата, смета дека соковите по некогаш сепак се корисни.

Таа препорачува сок за деца кои страдаат од констипација, но сепак ги предупредува родителите дека овошните сокови се полни со шеќер исто како и газираните сокови и со самото тоа речиси подеднакво се штетни.

Некои сокови содржат витамини и минерали, но експертите сепак советуваат дека ако тоа е потребно, подобро да внесуваат калциум и витамин Д во вид на таблети.

loading...