Овошни ролнички

377

Фини, вкусни овошни залачиња …

Потребно
500 гр малини
2 праски
80 гр мед (може и без него)
(овошјето е по желба)

Подготовка
– Овошјето убаво измијте го и изблендирајте го во блендер. Изборот на овошјето може да биде по ваша желба.

– Додадете мед или некој друг засладувач по желба. Може и воопшто да не додавате ништо.

– Обложете тава (28х43 см) со пластична фолија и сипете го измеленото овошје.

– Ставете ја тавата во загреана рерна на 75 целзиусови степени и оставете да се суши 4-6 часа во зависност од рерната и од дебелината на смесата во тавата. Готово е кога со прст ќе ја допрете средината на колачот и нема да се лепи.

– Извадете ја тавата од рерна. Ако краевите се многу суви исечете ги со остар нож. Одлепете ја пластичната фолија.

– Земете хартија за печење и исечете ја на тенки ленти.

– Со ножици или со остар нож исечете тенки ленти од овошната смеса. Ставете ги над лентите од хартија и замотајте ги во ролни.

– Ставете ги во затворена кутија или пак во кесички за замрзнување, но не ги ставајте во фрижидер.

– Треба да излезат некаде околу 20 ролнички.

loading...