Овој детал открива дали сте имале секс | На лицето тоа се забележува и 48 часа по односот!

1701

Општо е познато дека по добар секс блескаме, и тоа буквално. Тоа е природен сјај кој тешко може да се опише со зборови, но со еден поглед може да се открие таква личност, а сите пријатели и колеги веројатно ќе знаат што се случило минатата ноќ.

Тоа не е случајно, бидејќи најновото истражување објавено во списанието “Psychological Science” покажува дека по добар секс, тој сјај трае дури 48 часа подоцна. И, покрај добриот секс, се покажува и општото ниво на среќа во врската.

А научниците се интересирале дали можат да светат и луѓето, кои се во врска и немаат секс секој ден (што е ситуација кај повеќето двојки), а кои искрено се сакаат?

Во фокусот биле ставени податоци од две различни истражувања – првото, со 96 млади брачни парови, а второто со 118. Сите редовно воделе евиденција за сексуалната активност и сексуалното задоволство за период од две недели.

Покрај тоа, на истражувачите им опишале колку се среќни во бракот во тој период, а истото тоа го направиле и шест месеци по истражувањето.

А како што откриле истражувачите, оние кои тие два дена светеле посилно, по шест месеци пријавиле поголема љубов и задоволство во бракот.

И што научниците заклучиле?

Дури и во деновите по сексот, задоволството и те како ги поврзува партнерите и влијае на задоволството во бракот, а не само за време на сексот.

Затоа пристапете на работа уште вечерва!

loading...