Овој старец пред својата смрт напиша песна за својот живот и го расплака целиот свет!

668

Подоцна, кога сестрите ги средувале она малку алишта кои Мак Филисер ги поседувал, ја пронашле оваа песна, чиј квалитет и содржина ги импресионира сестрите, а копијата ја доставиле до сите вработени.

Една од медицинските сестри ја однела својата копија во Мелбурн, а од таму песната се проширила низ целиот свет – едноставна, елоквентна и неверојатно допирлива.

Зајадливиот старец

“Што гледш, сестро? Што гледаш? Што мислиш, кога погледнуваш во мене?
Зајадлив стар човек, не особено мудар
Несигурен по навика, со отсутен поглед?
На кој храната му протекува, а тој не одговара,
Кога гласно ќе кажеш, “би сакала да се потрудиш!“
Кој навидум не ги забележува, работите кои ги правиш.
И кој секогаш губи, чевли или чорапи? Кој, се спротивставувал или не, ти дозвула да правиш што сакаш,
Со капење и хранење, да исполниш еден долг ден?
Дали тоа го мислиш? Дали тоа го гледаш?
Тогаш отвори, очи сестро, затоа што не гледаш во мене. Јас ќе ти кажам кој сум додека седам тука така мирно.
Додека работам што сакаш додека јадам по твојата волја. Јас сум дете од 10 години, со татко и мајка, браќа и сестри, кои се сакаат. Еден млад човек од 16, со крила под потпетиците.
Кој сонува дека наскоро, љубов ќе осознае. Млад човек од речиси 20, моето срце потскокнува.

Се сеќавам на заклетвата која ветив дека ќе ја дадам. Со 25, сега ги имам свои деца.
Кои бараат да ги водам и среќен, топол дом да им обезбедам.
Човек од 30 години,
Моите млади растат брзо,
Поврзани едни за други, со врски, кои ќе траат.
Со 40 моите млади синови пораснаа и заминаа,
Но мојата жена покрај мене е да осигура да не жалам. Со 50, повторно бебиња се играат околу моите колена. Повторно ги знаеме децата јас и мојата сакана.
Мрачни денови се пред мене, мојата жена сега е мртва. Јас се погледнувам во иднината и се тресам од страв,
Бидејќи, моите млади сега имаат свои млади. И мислам за годините за љубовта која ја познавав.

Зајадливиот старец

Сега сум стар човекот и природата се распаѓа. Шега е да се направи староста да изгледа будалесто.
Телото, тоа се распаѓа, а моќта и грациозноста, ме напуштаат
Само каменот останува, таму каде што порано срцето било. Но, во внатрешноста на овој стар труп, еден млад човек уште живее. И од време на време моето рането срце расте,
И се сеќавам на радоста и се сеќавам на болката. И го сакам и го живеам … животот од почеток.
Мислам на годините, премногу мал број се кои поминале пребрзо.

И го прифаќам едноставниот факт дека ништо не може да трае. Затоа отворете ги очите луѓе, отворете ги и погледнете.
Не зајадливиот старец. Погледне поблиску видете ме! – МЕНЕ”

*Следниот пат кога ќе сретнете некоја постара личност која би ја отпишале, сетете се на оваа песна, погледнете подлабоко и видете една млада душа која седи под изнемоштено тело. Најубавите нешта на светот не може да се видат ниту допрат, тие мора да се почувствуваат со срце!

loading...