Оган и мраз | Научниците на Антарктикот пронашле 91 вулкан

484
91 подводен вулкан на Антартик

Откритието е важно, бидејќи активноста на овие вулкани би имале последици за целата планета. Ако еден од нив се активира, тоа би можело да доведе до брз пораст на нивото на морето. Вулканите се ослободуваат од притисокот и стануваат поактивни.

Проектот на Универзитетот во Единбург откри речиси сто вулкани на Антарктикот, од кои највисокиот е околу 4.000 метри. Геолозите велат дека оваа огромна област е веројатно поголема од афричкиот вулкански гребен, за кој се смета дека има најголема концентрација на вулкани на едно место.

Активноста на овој вулкански венец би можела да има сериозни последици, предупредуваат научниците.

– Ако еден од тие вулкани проработи, дополнително би ги дестабилизирал замрззнатите гребени на западот на Антарктикот, тврди експертот за глечери Роберт

Дијаграм на артичките вулкани

Бингам, еден од авторите на трудот и продолжува:

– Сè што предизвикува топење на мразот, до што секако ерупцијата ќе доведе, само го забрзува распаѓање на замрзнатите гребени. Големо прашање е колку тие вулкани се активни. Тоа треба да се утврди што е можно побрзо.

Оваа студија објавена во специјалната серија на објави на Геолошкото друштво во Велика Британија ги вклучува и анализите на претходните студии кои користеле специјален радар за скенирање на земјата, пишува Гардијан.

Резултатите се споредени со сателитски снимки и геолошки информации добиени во други студии.

Сателитска снимка на Антартикот

– Всушност, ние баравме трагови на врвови на вулкани кои излегуваат од мраз, вели Бингам.

Откако истражувачкиот тим ги собрал резултатите, пронашле 91 претходно непознати вулкани, поред оние 47 вулкани кои веќе биле порано познати. Тие новооткриени вулкани варираат од 100 до 3,850 метри висина.

– Останавме зачудени. Не очекуваме дека толку од нив ќе се откријат. Мислиме дека ги има и повеќе на морското дно под замрзнатиот гребен Ross, па така на крајот најверојатно ќе излезе дека ова е регион со најголема густина на вулкани во светот, заклучи Бингам.

loading...