Од агол на еден татко | Клучни работи за успешно родителство

7540

Блогерот Џим Хигли, татко со долгогодишно искуство, ги подели со своите читатели своите совети за успешно родителство.

Иако, како што самиот вели нема многу теоретско знаење за родителството, Џим Хигли до корисните родителски совети дошол од личното искуство.

– Не сум прочитал многу книги за родителството, но имам доста практично искуство, речиси 24 години. Сфатив дека доколку сакате да бидете влијателен татко, неопходна е добрата комуникација со детето. Доколку тоа го совладате, останатото ќе оди полесни, вели тој.

Следуваат неколку совети на овој татко блогер.

тако и деца2-001Трпението е мошне важно
Немојте да реагирате во афект. Успорете и размислете. Изливот на емоции и викањето не се ефикасни. Тоа може да ги уплаши децата и претставува лош модел на однесување, кој децата веројатно ќе го усвојат доколку се повторува. Дајте си малку време за да размислите. Една минута, пет минути. Со постарите деца, дури и неколку часа. Важно е децата да сфатат дека темата и натаму е актуелна и оти кога тогаш ќе разговарате за неа.

Децата очајнички сакаат почитување. Дури и кога не го искажуваат кон вас. Сакаат да ги сослушате. Кога кон темата ќе се поставиме со почитување, на децата ќе им биде потешко да се однесувата непристојно.

Правило на 30 секунди
Престанете да им држите предавање на децата. Дури и кога не можете да се воздржите, предавањата нека не траат подолго од 30 секунди. Децата не сакаат предавања. Доколку тоа што сакате да им го кажете не можете да го сумирате во 30 секунди, тогаш дбро размислете дали пораката е вредна за толку труд.

Кога ќе почувствувам потреба на децата да им одржам предавање, јас им велам. – Потребни ми се 30 секунди со вас да оделам нешто што ми е на ум. Дали имате време да ме сослушате? И знаете што? Во девет од десет случаи децата со задоволство ме сослушуваат.

Престанете да ги решавате сите детски проблеми
До ова правило дојдов по години и години родителство. Тоа е мошне тешко за татковците, бидејќи тие најчесто сакаат да ги решаваат проблемите и да ги поправаат работите. Мислам на моментите кога вашите деца се лути, вознемирени, исфрустрирани од различни причини – злобни пријатели, неправедни тренери, строги наставници, досадни брат или сестра…

Листата е бесконечна. Децата не сакаат секогаш да им кажете што да правите. Не сте им секогаш потребни како главен стратег. Тие се поспособни и помудри, отколку што ни изгледа. Децата понекогаш сакаа да бидете со нив, да сочувствувате со нив.

loading...