Од светска слава до апсење | Сакал да клонира деца, а уапсен е за кражба на јајце клетки

421

Светска слава уапсениот гинеколог Северино Антинори ја стекна помагајќи им на постарите пациентки да имаат дете.

За дваесет години помина пат од светската слава до апсење. Така накратко би можел да се опише професионален пат на познатиот и контроверезниот италијански гинеколог д-р. Северино Антинори (71), кој беше уапсен во саботата на аеродромот Fiumicino во Рим под обвинение дека на една пациентка без нејзината волја сакал да ѝ извади јајце клетки.

Антинори беше ставен во домашен притвор и лекарската лиценца му е одземена на една година, а полицијата го испитува случајот. Лекарот го пријавила 24-годишната Шпанка, инаку негова привремено вработена во миланската клиника. Таа изјавила дека тој ѝ го одзел нејзиниот мобилен телефон и со принуда ѝ извршил анестезија за да ѝ ги извади јајце клетките. Таа успеала да стигне до канцеларискиот телефон и да се јави во полицијата која ја спасила.

Rosana Della Corte-001

Rosana Della Corte

Додека трае истрагата, се присетувам на до сега подзаборавениот гинеколог чие име за прв пат се појави во светските медиуми 1994 година. Потоа, како бомба одекна веста дека благодарение на јајце клетките од донаторката и со помош на медицински потпомогнато оплодување на Иалијанката Rosana Della Corte станала мајка на возраст од 63 години. Rosana Della Corte од раните 1990-ти е без нејзиниот единствен син кој починал во сообраќајна несреќа и неколку години неуспешно се обидувала да ја надмине болката од неговата загуба.

Мајки по 60-тите години

Потоа му се обратиле на др. Антинори, кој веќе стекна репутација како врвен експерт во борбата против неплодноста па така Rosana Della Corte на возраст на една баба го родила синот Ричард.

После тој медицински потфат, кој предизвикал голем број на етички, медицински и правни дилеми, вратата на гинеколошката клиника на Антинори во Рим била под опсада на многу жени кои после репродуктивната возраст сакале да станат мајки. Антинори така и на Patricia-Rashbrook во 2006. година ѝ помогнал да стане најстарата британска мајка од 62 години откако била подложена на медицински потпомогнато оплодување во неговата римска клиника.

Patricija Rashbrook-001

Patricia-Rashbrook

– Често ми се обраќале жени со педесет-шеесет години, значи во менопауза, кои сакале да родат. Јас им помогнав во таа намера. И сите тие деца се нормални, убави и здрави – ми кажа Северино Антинори во март 2001. година, во неговиот центар Raprui (Институт за здружени истражувачи на хумана репродукција), само неколку стотини метри од Ватикан. Тоа беше во времето кога Антинори беше планетарна медиумска ѕвезда, бидејќи заедно со Панос Завос, американскиот научник со кипарско потекло, го најави првиот човечки клон.

Интересот за клонирање

Откако со денови ја повикував асистентката на Антинори со барање за интервју, конечно добив датум, час на разговор и снимање во средата на 21-ви март 2001 година, во 10 часот. Фоторепортерот Игор Нобило и јас отидовме во Рим на 24 часа: планот беше по разговорот со Антинори веднаш да се вратиме назад во Загреб.

Најпрво ми пречеше што Антинори доцни еден час, но кога го немаше и по два часа чекање, бев на работ на “нервен слом”. Тој се појави три часа по закажаното интервју, но уште на време.

Dr Severino Antinori-001

Dr Severino Antinori

-Нѝ се пријавиле 800 парови кои сакаат да имаат бебе клон. Верувам дека ќе успееме во тоа за две години – ми рече тогаш Антинори тврдејќи дека е сериозен научник.

– Ние само развиваме терапевтски пристап, бидејќи сакаме да им помогнеме на неплодните парови.

-Тоа не е ништо монструозно. Замислете ја следнава ситуација: на светот му останале само еден Хрват и една жена. При тоа е неплоден. Што би можеле да направиме, да го клонираме – ми рече, меѓу другото, Антинори, кој се декларираше како католик и христијанин.

– Одам во црквата Св. Петар, и ме прими дури и Папата. Не убив никого, јас сум само еден научник кој ја работи својата работа – рече тогаш Antinori кој на заминување ми ги подари своите книги “Како да се победи неплодноста” и “Моите неродени синови”.

Така во Јутарњи е објавен светскиот ексклузив. За среќа, најавите за човечки клон на Антинори не се обистиниле.

Иако неколку години човечкото клонирање беше хит медиумска и научна тема, падна во заборав, па така и Северино Антинори. Најавата на клонирање луѓе бил добар маркетиншки трик за што јавноста го изгуби интересот.

loading...