Од утре силни ветришта и виулици

2816
Booking.com INT

Од утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, кои поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Image result for snow and wind imgur

Ова ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот и во попладневните и вечерните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе се формира снежна покривка, особено на планините, а во западните и крајните источни делови помала снежна покривка може да се формира во местата од околу 600 метри надморска височина.

Во вторник времето ќе биде многу студено и ветровито со врнежи од снег со послаб интензитет и во пониските делови на земјава.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 2, а дневната од -2 до 3 степени. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на температурата, но во среда и четврток изутрина ќе биде многу студено со температури од -9 до -3 степени.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...