Од што зависи дали ќе имате близнаци?

14377

Во некои семејства е речиси вообичаено да се раѓаат близнаци, а сега истражувачите идентификуваа два гена, кои ги зголемуваат шансите жената да роди двојајчани близнаци.

Двата гена се поврзани со производството и обработка на хормони, кои помагаат во созревањето на јајце клетките.

– Постои големо интересирање за близнаци, како и за тоа зошто некои жени раѓаат близнаци, а други „не“, изјави коавторот на студијата, билошкиот психолог Дорет Бумсма од Универзитетот во Амстердам.

loading...

Постојат два начини за зачнување на близнаци. Во едниот случај, јајниците ослободуваат две јаце клетки за веме на овулацијата и двете се оплодуваат и стануваат ембриони. Резултатот се двојајчани близнаци. Зачнувањето на еднојајчаните близнаци се случува кога еден ембрион ќе се подели на два дела во раната фаза на развојот.

Во многу ретки случаи може да дојде до зачнување на полуидентични близнаци, кои се зачнати од иста јацена клетка, но од две различни сперми.

Научниците одамна знаат дека жените во чие семејство, особено од женска страна веќе имат близнаци, имаат повеќе шанси и самите да родат близнаци, затоа што тука генетиката игра важна улога. Освен тоа постарите жени, кои се лечат од неплодност имаат поголеми шанси да зачнат близнаци.

Со цел да откријат точно кој ген ги зголемува шансите идната мајка да роди близнаци, Бумсма и неговиот тим анализирале геноми на 1.980 жени, кои по природен пат зачнале двојајчани близнаци и тоа го споредиле со гените на 12.953 мајки, кои родиле едно дете.

Тие забележале дека постои извесна варијатна на гени, кои често се појавуваат кај жените кои раѓаат близнаци.

Едната варијанта на гени наречена ФСХБ (FSHB) е поврзана со поголемо произвдоство на хормонот ФСХ (FSH), кој ги стимулира фоликулите и помага јајце клетката да созрее. Во текот на секој циклус во женското тело се ослободува јајце клетка откако созреала. Ако во телото има повеќе хормони на ФСХБ, поголеми се шансите во текот на циклусот да се ослободат две јајце клетки, велат експертите.

Втората варијатна е генот СМАД3 (SMAD3), а овие жени произведуваат просечна количина на ФСХ (FSH), но јајниците се чувствителни на хормони, поради што ослободуваат по две јајце клетки секој месец.

Бумсма вели дека овие две варијации на гени се само дел од сложувалката, но дека за 29 отсто ги зголемуваат шансите жената да роди близнаци.

loading...