Од што се плашите? Еве што вашите стравови кријат за вашиот карактер

2175
Booking.com INT

Не е лесно да се живее со некоја фобија во животот. Тие не се појавуваат без причина, а влијание на тоа има и нечиј карактер, склоности, приоритети во животот. Експертите објасниле неколку најчести …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Страв од височина

Тоа покажува дека имате силна свест за себе, а тоа што се плашите да бидете одделени од тлото, ви кажува дека цврсто стоите на земја во вашиот живот, реални сте.

– Чувствуваме страв кога ќе го изгубиме најосновниот начин за контрола на чувствата – нашите две нозе, со кои му се доближуваме на она за што сме заинтересирани и се оддалечуваме од она што нè плаши – објаснува Psychology Today.

Related image

Луѓето нè познаваат како човек цврсто вкоренет и фокусиран на она што прави. Промените за вас не се најсреќната работа на светот. Имате избалансиран начин на размислување и силен идентитет.

Височините можат да ве дезориентираат, затоа што ја губите ориентацијата на просторот и времето.

– Луѓето со фобија можат да бидат многу интелигентни и исклучително чувствителни. Тие се плашат да изгубат или да бидат надвор од контрола – вели John McGrail, клинички хипнотерапевт.

Фобијата е манифестација на таа несигурност и на стравот од губење контрола. Наместо од самата височина, вие всушност сте исплашени од паѓањето и неконтролираните чувства.

Страв од гужва

Тоа покажува дека ви треба личен простор. Стравот од гужва и јавни, отворени простори се нарекува и агорафобија, а тесно е поврзана со клаустрофобијата – стравот од затворен простор.

Мали, затворени простори, како и опкружувањата од мноштво луѓе, го активира во вас механизмот на страв. Иако тоа не значи дека не сте социјална личност, многу е важно да имате личен простор. Вие сте многу внимателни и претпазливи, а резултатот на тоа е недовербата. Исто така, имате склоност да ги избегнувате конфликтите.

Бидејќи навистина сакате да ја задржите физичката дистанца помеѓу себе и другите, тоа би можело да се прошири и на вашиот емоционален сектор. Тоа, исто така, може да има лошо влијание врз важните односи.

Не плашете се да им се отворите на луѓето и да ги пуштите во вашиот живот – можеби ќе бидете изненадени од она што ќе пронајдете.

Страв од бактерии

Тоа покажува дека сте ориентирани на детали. Стравот од бактерии, исто така, се нарекува мизофобија, а може да биде предизвикана од некоја траума, како што е панична грижа за здравјето.

– Тоа создава еден маѓепсан круг во кој болниот станува поопседнат со чистењето, и не е во состојба да почувствува задоволство додека се ослободува од нечистотијата – објаснува dr. sc. Dean McCay.

Како резултат на тоа, постојано ја одржувате вашата околина чиста и апсолутно го презирате она што е валкано и неуредно.

Иако вашиот шеф можеби го цени тоа што сте многу уредни, организирани, педантни и ориентирани на детали, зад сето тоа стои високо ниво на анксиозност.

На крајот на краиштата, високото ниво на стрес негативно ќе влијае на вашето тело. Значи, не заборавајте да се опуштите секој миг и експериментирајте со креативноста – малку неред не е секогаш лоша работа.

Страв од мракот

Тоа покажува дека сте креативни. Не дозволувајте поради стравот да се збуните, бидејќи стравот од темнината не е сосема ирационален. Според Medical Daily, истражувачите веруваат дека тоа е резултат на генетски код кој некогаш одамна нè принудил да ги избегнуваме ноќните предатори.

Абнормален и постојаниот страв од темнина (Nyctophobia) поврзан е со стравот од непознатото.

Како прво, темнината го попречува нашиот вид, а тоа пак ѝ попречува на нашата способност да разбереме и ја контролираме околината. Темнината заслепува едно од најважните наши сетила, оставајќи нè без контрола и ранливи.

Металните демони кои ги чуваме во текот на денот, остануваат во нашата потсвесна психа, а сите длабоко вкоренети грижи започнуваат да допираат до нашата свест.

Луѓето кои страдаат од никтофобија создаваат некои слики на она што тие го гледаат или не го гледаат. Ако сте меѓу нив, тоа покажува дека имате премногу активна имагинација, одн. дека вашиот мозок создава слики, ако пред себе не може да види ништо. Кога светлата ќе ги снема, вашата фантазија игра голема улога со цел да ги пополни празнините, а обично тоа е нешто страшно.

Ако во вас постои вознемиреност секој пат кога ќе го исклучите светлото, обидете се да го пополните умот со позитивни слики. И, секако избегнувајте хорор филмови – наместо тоа погледнете комедија.

Страв од јавен говор

Тоа покажува дека сте перфекционист. Според Енциклопедијата на стравови (Fear Of encyclopedia), луѓето кои се плашат да говорат во јавноста, всушност имаат ниско ниво на самодоверба, очекуваат совршенство во сè што прават, секогаш бараат одобрение и очекуваат неуспех.

На крајот, стравот од неуспех е поврзан со стравот од јавен говор.

Иако тоа можеби не сакате да го признаете, многу ве грижи тоа што другите луѓе мислат за вас. Вие всушност сакате да бидете сами со вашите мисли, но тоа не значи дека не сте социјални – вие само сакате неколку цврсти врски, наместо мноштво површни.

Обидете се да излезете од својата школка и обидете се полека да влезете во центарот на вниманието.

Страв од пајак

Тоа покажува дека сте лидер. Овој вид на страв е еден од најчестите. Според една студија спроведена во Обединетото Кралство, од 261 анкетирани возрасни лица, 32% од жените се плашат од пајаци и 18% од мажите.

Во античките времиња, пајаците биле опасност за опстанокот на првите луѓе, а нивната способност да ги согледаат станала еволутивна потреба.

Научниците го користат ова објаснување за да објаснат зошто луѓето денес панично се плашат од безопасните пајаци.

Ако се плашите од нив, тоа е индикација дека сте склони да водите и да преживеете. Чувствителноста и сигурноста се вашите главни карактеристики, како и навремените, добри реакции.

Страв од змија

Вие сте човек кој ќе се заземе за другите. Токму тоа е вашиот страв од змии, кога ќе проработи вашиот заштитнички инстинкт.

Според научната теорија објавена во Psychology Today, “луѓето и другите добиваат предиспозиција за страв од овие животни кои некогаш биле закана за животот на нашите предци”.

Вие пред сè ги цените луѓето и врските со нив. Вие стоите со драги луѓе и верен сте пријател. Но, вашата огнена природа понекогаш може да ви застане на патот, дури и кога инстинктивно внимавате на луѓето кои ги сакате.

Би било добро да ја држите рамнотежата во односите и да барате компромис кога тоа е потребно.

Страв од крв

Ова покажува дека сте смирени и прибрани. Кај луѓето кои страдаат од хемофобија, срцето почнува да тропа брзо кога гледаат крв или отворена рана, притисокот им се зголемува и всушност кај нив е инициран одбрамбениот механизам.

– Дали сте зашеметени кога гледате крв? Несвестица од погледот на крвта може да биде примитивен рефлекс закопан во нашиот мозок кој ја поврзува со нешто погрешно. Откако ќе ја видите крвта, се активира сигнал за опасност во мозокот. Ако ова е случај со вас, тоа покажува дека имате силен заштитнички инстинкт и обично сте мирни и прибрани во вашата заедница – објаснува dr. Jordan Gaines Lewis, кој се занимава со неуронаука.

Вие, исто така, го цените вашето тело и се трудите да се грижите за него колку што е можно повеќе. Искористете го спокојството кое зрачи од вас и пренесете го на други луѓе, особена на оние за кои се грижите.

Страв од кловнови

Тоа открива дека многу ја цените искреноста. Според написот објавен во Scientific American, кловновите се прикажани како измамници чии маски им даваат чувство дека можат да го напуштат вообичаеното општествено прифатливо однесување. Затоа, не е изненадување дека оваа фобија е доста честа појава – речиси еден од десет возрасни се плаши од кловнови.

Читањето лица одамна е клуч за преживување, а неможноста на кловнот да му го видите лицето, а со тоа и да го прочитате, ве става во загрозена положба, поттикнува сомневање …

Луѓето кои се плашат од кловнови имаат тенденција да бидат горди на својата искреност, транспарентност и ажурност, а исто така, тоа го очекуваат и од другите.

Сепак, вашата бесмисленост и претераната логична природа понекогаш може да ве спречат да се справите со социјалните ситуации, открива порталот msn.com.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...