Околу ова прашање родителите најчесто грешат | Кога на децата да им се даде џеарлак, колку пари да им се дадат и што да очекуваат од нив за возврат?

1327

Годишната анкета спроведена од страна на компанијата за финансиски менаџмент на T. Rowe Price открила дека 83 проценти од родителите во САД кои им даваат на своите деца џепарлак веруваат дека тие би требало да ги заработат парите работејќи домашни задачи. Сепак, ако ѕирнете во неколку книги за родителство кои излегле во текот на последните 20 години, ќе видите дека познати автори велат дека тие родителите не се во право.

Ron Lieber во книгата “Спротивно од разгален” тврди дека на децата не треба да им се даваат пари во замена за извршена домашна работа, бидејќи децата еден ден ќе одлучат дека не им се потребни, па едноставно ќе одбијат да работат. “Џепарлакот треба да биде алатка за подучување, а не плата”, вели Lieber.

Jane Nelsen во книгата “Позитивна дисциплина А-З”, исто така, смета дека џепарлакот треба да биде едукативен. “Работата во домаќинството не треба да биде врзана за џепарлакот”, пишува авторот на овој класик.

loading...

Дури и реномираната книга како “Воспитување и нега на детето” на др. Benjamin Spock, објавена за прв пат во 1945 година, вели дека децата со помош на џепарлакот учат како да ракуваат со парите. “Џепарлакот не смее да се користи за плаќање на рутински работи”, стои во книгата.

Дали тоа значи дека децата не треба да вршат обични домашни работи? Не. Тие апсолутно треба да ги работат, но за нивно извршување тие не треба да бидат платени.

Со овие тројца, многу експерти за родителството тврдат дека децата треба да им помагаат на родителите во вршењето на домашните обврски, бидејќи тоа е исправно нешто, а не затоа што ќе бидат финансиски наградени. Многумина, сепак, укажуваат на тоа дека е во ред да им се дадат пари за извршување на дополнителна работа. Некои родители ги охрабруваат децата да најдат домашна работа кои треба да ги прават и да кажат колку би сакале да бидат платени за нивното извршување.

Анкетата на T. Rowe Price, исто така, открила дека 34 отсто од родителите не им даваат пари на своите деца. Експертите за родителство тоа би го сметале за грешка. На крајот на краиштата, за да научите да возите велосипед, ви треба велосипед. За да научите да свирите виолина, потребна ви е виолина. За да научите да управувате со пари, потребни ви се пари.

Според експертите, давање џепарлак, треба да практикуваат и домаќинствата каде што немаат многу пари. Во такви ситуации, родителите парите кои ги трошат за децата треба да ги претворат во џепарлак со кој децата ќе располагаат.

Новинарката и автор на неколку книги за управување со лични финансии за The Washington Post објасни кога на децата треба да почнете да им давате џепарлак, колку често треба да им се даде, како и каде треба да се даде и колку пари треба да им се дадат на децата.

1) Кога треба да почнете да му давате џепарлак на своето дете?

Анкетата на компанијата T. Rowe Price открила дека 20 проценти од родителите кои им даваат на своите деца џепарлак, почнале да го прават тоа кога нивните деца имале шест години. 19 проценти од нив започнале кога децата наполниле седум и осум. Очигледно не постои вистинска возраст за почеток, сепак експертите велат дека на децата треба да им се дадат пари веднаш штом ќе покажат интерес.

2) Колку често треба да се даде?

Повеќето родители секоја недела им даваат пари на малите деца и експертите се согласуваат со тоа. Кога малите деца стануваат тинејџери, парите треба да им се даваат поретко, на пр. еднаш месечно, бидејќи така ќе научат да располагаат со нив во подолг период.

3) Како и каде да им давате на своите деца џепарлак?

Децата во пониските одделенија од основното училиште најдобро реагираат на визуелна и тактилна стимулација, па најдобро е да им се дадат банкноти и монети. Некои родители децата ги мотивираат парите што ги добиваат да ги поделат на три купчиња: трошење, заштеда и донации. Од друга страна, пак, на тинејџерите најдобро е парите да им се уплатат на банкарска сметка за да можат да ги контролираат со помош на мобилен телефон и апликации за управување со парите.

4) Колку пари да им се даде на децата?

Финансиската состојба на вашето домаќинство прво ќе влијае на износот кој ќе сакате и ќе можете да им ги дадете на вашите деца.

За точниот износ затоа е неблагодарно да се зборува, но треба да се водите со следнава стратегија: дајте им на децата доволно пари да можат да си купат мали нешта, но недоволно да можат да си купат нешто големо. За тоа ќе мора да научат да заштедуваат.

Како што растат децата, така треба да им расте и џепарлакот, но без обврски. На децата треба да им дадете поголем дел од парите кој на нив ги трошите на овој или оној начин кога ќе тргнат во средно училиште. Така ќе ги научите навреме да ги плаќаат сметките за мобилна телефонија, да се облекуваат во согласност со финансиските можности и слично.

На крајот, ако се одлучите за овој чекор – бидете упорни. оставете ги децата да се најдат. Дури на крајот на месецот направете рекапитулација за да видите што правеле добро, а што лошо.

loading...