ОН предупредува | Статуата на слободата и Венеција изложени на ризик од потоп

598
Booking.com INT

Климатските промени моментално претставуват најголема закана за неколку најпопуларни знаменитости во светот, вклучувајќи ги и Статуата на слободата, островот Галапагос, Велигденските Острови, Венеција и Стоунхенџ, се наведува во извештајот на Обединетите нации.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Експертите заклучија дека моментално се загрозени 31 знаменитост во 29 земји кои се чувствителни на зголемување на температурите, топењето на глечерите, пораст на нивото на морињата, поостри временски услови, големи суши и подолга сезона на пожари на отворено. Тие исто така веруваат дека оваа бројка претставува само врв на ледениот брег, пишува „Гардијан“.

00-001

Skara Brae е најдобро сочувано живеалиште од камено доба во Западна Европа

Научниците наведуваат дека од клучно значење е да се огранични глобалното затоплување на помалку од два степена Целзиусови. Доколку се надминат овие степени последиците би можеле да бидат катастрофални и неповратни.

000-001

Велигденскиот Остров е, исто така, изложен на ризик

– Од климатските промени не би страдале само туристичките дестинации, туку и локалниот економски развој, кој УНЕСКО моментално се обидува да го заштити, изјави Мехтилд Рослер, директор на Ценарот за светско наследство на УНЕСКО.

0000-001

Загрозена планината на горилата во Bwindi, изолираниот национален парк

– Ова е само врв на ледениот брег. Сосема очигледно се наметнува потребата за надгледување на најважните природни споменици, а научниците наведуваат дека моментално најзагрозени се коралните релјефи, изјави Рослер.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...