ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ | „Биди и ти заштитник на планетата Земја“

1453

Вчера во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се реализираа завршните активности од Проектот „Биди и ти заштитник на планетата Земја“, што е финансиран од проектот „Градиме мостови“.

Бранка Димевска Коцева

Во почетокот воведен збор даде Бранка Димевска Коцева наставник од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, координатор на Проектот, претставникот на ОБСЕ, господин Јеф Голдстајн и Амбасадорот на Кралството Холандија, господинот Ваутер Помп.

Ваутер Помп и Јеф Голдстајн

Во училишниот двор, официјалните претставници, заедно со наставниците и учениците засадија дрвја, грмушкасти растенија и оплеменија жардиниера со рузмарин.

loading...

Во спортската сала се одржаа спортски игри, а четирите екипи беа формирани во мешан состав од четирите училишта, учесници во овој Проект.

Манифестацијата заврши со доделување награди и сертификати на учесниците.

На крајот од манифестацијата се одржа коктел на кој учениците и наставниците се дружеа и разменуваа искуства.

loading...